Се бара оставка од Јовевски – Ковачевски: Не сум го видел вештачењето, а Јовевски е професионалец

August 17, 2023
1 min read

реклама



Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побара оставка од Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, поради постапувањето на јавното обвинителство во врска со пожарот во тетовската модуларна болница каде 14 лица го загубија својот живот. Ова доаѓа по вчерашниот протест во Тетово, и по објавувањето на нови детали во документарецот на ИРЛ, во кој се открива дека се направени бројни пропусти во самата истрага.

„Од изведеното во документарецот „Убиство во Тетово“, истрагата на јавното обвинителство за случајот не е целосна и не е ги цени доволно заклучоците изнесени во Службената експертиза на германските експерти, како резултат на што во јавноста се разгоруваат сомнежи за непрофесионално постапување на обвинителството и занемарување на околности кои можат да ги прошират обвиненијата и да инкриминираат други лица“, вели Снежана Камиловска Трповска.

реклама

„Клучно е тука и како што стои во барањето на Платформата е недоволното зимање в предвид заклучоците кои што произлегуваат од германското вештачење, а кои што укажуваат дека веројатно требало да се прошири листата на обвинети луѓе“, вели Миша Поповиќ.

А, премиерот за републичкиот јавен обвинител вели дека е професионалец.

реклама

„Шефот на Јавното обвинителство е избран во Собрание. И тој е професионалец, како и другите што биле јавни обвинители или кои што се сега. Тие се професионалци од брамшата, бидејќи главен обвинител се станува ако сте биле јавен обвинител“, порача Димитар Ковачевски.

Ковачевски вели дека како Влада немаат никаков домен врз документацијата и вештачењата и дека сето тоа е во рацете на правосудните органи. За германското вештачење, кое укажува на пропусти и непрофесионално изграден објект, вели дека не го видел.

реклама

„Тоа вештачење не е во домен на Владата, јас го немам ниту видено. Така, да единствен одговор кој што може да даде во однос на тој документ, се тие кои што го нарачале и кои што го имаат“, вели Димитар Ковачевски.

По објавата на документарецот на ИРЛ, во кој се открива дека воопшто не било земено предвид вештачењето на германските експерти и дека воопшто во обвинението не биле опфатени причините поради кои настанал пожарот и зошто брзо изгоел објектот, следуваа бурни реакции во јавноста.

Во пожарот во тетовската модуларна болница во 2021 година животот го загубија 14 лица. Во врска со случајот, Тетовскиот суд изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Пике жали што не играл во Серија А

Следно

„БРАЌА МАНАКИ“ ОТВОРА СО „ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ НА ГОРАН СТОЛЕВСКИ, ГОДИНАШНИ ЛАУРЕАТИ СЕ ОСКАРОВЕЦОТ ПИТЕР БИЖУ И ЛАБИНА МИТЕВСКА

Latest from Blog

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата
Go toTop