СДСМ: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти?

May 21, 2025
1 min read

Владата на Мицкоски, потпиша договор за ново задолжување од 6 милијарди евра, а јавноста сè уште нема добиено ниту една конкретна информација за содржината и обврските кои произлегуваат од тој договорж, посочи денеска на прес конференција организацискиот секретарна СДСМ, Мартин Костовски.

„Нема одговори за тоа кои се условите, колкава е каматата, на колку години ќе се враќа овој кредит и колку тоа ќе ги чини граѓаните на крај. Сè што слушаме се паушални изјави без никакви детали. Дополнително се отвора уште еден аспект. Во кратко интервју за британската телевизија Скај Њуз, кое беше објавено од медиумите, премиерот Мицкоски избегна да одговори на директно прашање: Дали дел од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство вклучува и можност Македонија да прифаќа мигранти? Токму ова прашање го поставивме пред неколку дена. И Владата – молчи“, рече Костовски.

Косовски, потенцираше дсека сега, кога веќе и британски медиуми и политичари зборуваат за „широка соработка“ во делот на миграцијата, молкот станува аларм.

„Затоа денес, јавно, пред граѓаните, ја прашуваме Владата: Дали сте подготвени во иднина да прифатите Македонија да стане зона за смествање на мигранти? Дали договорот каков што е остава простор дека за ова може да се разговара во иднина? Дали можете експлицитно и јасно да потврдите дека ниту сега ниту во иднина Макеоднија нема да разговара за ваков политички ангажман?“, прашаа од СДСМ.

Според нив македонските граѓани имаат право да знаат, и ги заслужуваат одговорите. Заслужуваат транспарентност.

„СДСМ не води евтина политика – СДСМ поставува вистински прашања. Прашања кои се од интерес за безбедноста, достоинството и иднината на нашата држава. Ако Владата нема што да крие – нека одговори. Јасно. Јавно. И веднаш“, рече Костовски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Западни држави обвинија руски хакери за кампања на кибер напади

Следно

Ацевски: Не е сè корумпирано во државава – но мора да се вложува повеќе во превенција

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop