СДСМ в сабота на конгрес ќе одлучува за носителите на листи и за кандидатите за пратеници

March 19, 2024
1 min read

СДСМ в сабота на конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и носителите на листи, вели потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

„Правиме анкети и гледаме граѓаните за кого ќе дадат најмногу поддршка во изборната единица и согласно анкетите ќе ги носиме кадровските одлуки викендов на конгрес. Понудата што ја даде ВМРО-ДПМНЕ е истата од 2020 година, екипа која беше поразена и која е трет ешалон од времето на Никола Груевски“, рече Богоев во гостување на Телевизија 24.

Во однос на тоа кои личности ќе бидат на листите и зошто досега не се објавени, Богоев рече дека тие ќе се знаат десетина дена пред да биде крајниот рок за поднесување на листите и ќе има време и за овие кандидати да се дискутира.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Натрупаниот куфер ќе стане минато – Пробајте го генијалниот метод „333“ на вашето следно патување

Следно

„Гладот што го создаде човекот во Газа сè уште може да се спречи“

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop