СДСМ: Успех на нашите министри – бесплатна е замената на возачките и сообраќајните дозволи

February 14, 2024
1 min read

По големиот хаос и неажурност од страна на институциите низ кои поминаа македонските граѓани, владејачката СДСМ сака да го ублажи нивниот револт. Во денешното соопштение тие ги пофалија министрите од своите редови за донесената одлука новата замена на возачките и сообраќајните дозволи, како и патните листови за иселениците да бидат бесплатни.

– Прифатена е иницијативата на министрите од СДСМ за бесплатна замена на возачките и сообраќајните дозволи.

Владата донесе одлука со која се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на Република Северна Македонија.

Бесплатни патни листови ќе добијат сите граѓани кои живеат надвор од нашата земја, а кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

Издавањето патните листови каде што нашата држава нема дипломатско конзуларно претставништо ќе биде направено онлајн, а тие ќе бидат испратени по пошта до граѓаните.

Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата, а ДПМНЕ не смее да ги казнува граѓаните, стои во соопштението на владејачката СДСМ.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

О’Брајан: Можеме ли да ја третираме косовската Влада како партнер

Следно

ВИДЕО: Историски момент: Орландо го повлече дресот на Шекил Онил

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop