СДСМ: Силјановска и ДПМНЕ сакаат да се откажеме од иднината

March 6, 2024
1 min read

Откако најголемите македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги потврдија кандидатурите на Гордана Силјаноска – Давкова и Стево Пендаровски за претстојните претседателски избори, партиските препукувања земаат замав. СДСМ излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

– Она што го нуди ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре.

Силјановска Давкова ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание, се противи на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ.

Силјановска е реприза на Иванов.

ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро, потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје но и во општините коишто ги води.

Патот до ЕУ е тежок и долг, но дава единствена реална надеж за светла иднина на нашата земја и сите наши граѓани.

Изборот е јасен: ЕУ со Стево Пендаровски или изолација со Гордана Силјановска, стои во соопштението на СДСМ.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози

Следно

ПО ИЗБОРИТЕ ХОНОРАРЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ НА РАБОТА ВО МКЦ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ БЕНИ ШАЌИРИ

Latest from Blog

Речиси 900 сметки во швајцарска банка се поврзани со нацистите, истрагата ја споменува и Аргентина

Тој зборуваше пред сослушувањето на Сенатскиот судски комитет за улогата на банките во олеснувањето на Холокаустот, додавајќи дека се откриени и нови детали за шема за помагање на нацистите да избегаат во

Кои две земји во ЕУ имаат најстари работници?

Работниците во Германија стареат. Германија има најстаро работно население во Европската Унија(EУ), а речиси секој четврти вработен е постар од 55 години, според податоците кои денеска ги објави Федералниот завод за статистика

„Русија НЕМА НАМЕРА ДА ПОСТИГНЕ МИР“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Киев, изјави дека руските напади врз Украина во текот на ноќта не укажуваат дека Москва е сериозна во врска со постигнувањето

Лефков: Измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор ќе ја зголемат одговорноста и транспарентноста во судството

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов

Протест и во Кочани, граѓани се бунат зaшто полицијата им ги одзела колите

Попладнево, група граѓани излегоа на протести на патот Битола-Ресен и во кочанската населба Трајаново Трло. Тие се незадоволни бидејќи полицијата им ги запленила автомобилите кои ги возеле без возачки дозволи, јавува Радио
Go toTop