СДСМ: Папаја за Владата – трошки за народот, срамна одлука за „зголемување на “ минималната плата од 1.800 денари

March 27, 2025
1 min read

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, на денешната прес конференција рече дека срамна, понижувачка и крајно неодговорна е одлуката на Владата за некакво бедно покачување на минималната плата од само 1.800 денари.

„Што да прават работниците со 1.800 денари во услови кога истата оваа Влада дозволи екстремно зголемување на цените на храната и на производите. Владата на ДПМНЕ очигледно нема допир со реалноста и покажува тотална негрижа за најважното, стандардот на граѓаните. Како пресметаа дека 1.800 денари им се доволни на работниците? Граѓаните секојдневно се борат да преживеат, со високи цени, високи сметки, а со мизерни плати“, рече Костова.

Косова нагласи дека растот на трошоците за живот е сериозен притисок врз семејниот буџет и граѓаните едвај врзуваат крја со крај. Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари. За над 100 евра е зголемена во споредба со лани.

„И со ова бедно зголемување, повторно две минимални плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство. Додека граѓаните бираат дали да купат храна или да платат сметки, ДПМНЕ во историски најголемиот буџет не предвиде пари за работниците. Но затоа има пари за папаја, манго, лосос, за приватни авиони и непродуктивни трошења на владата и нејзините функционери. За работниците остави трошки и ги остави во сиромаштија. Граѓаните да живета на воздух а владата на манго и папаја. Срамота“, рече Костова.

Потпретседателката нка СДСМ, рече дека за прв пат откако е воведена минималната плата, оваа власт ја донесе срамната одлука за нејзина корекција сама без консултација и без да ги слушне барањата на работниците.

„Оваа Влада се грижи само за себе и за богатите елити. Нејзината неспособност за само девет месеци предизвикаа економска катастрофа и сериозно влошување на условите за живот. И сега ги турка работниците кон подлабока сиромаштија. СДСМ во изминатиот период докажа дека минималната може и мора да се зголемува и тоа го правевме со соодветни законски решенија“, рече Костова.

СДСМ ја зголеми минималната плата од 8.000 денари во времето на ДПМНЕ на 22.567 денари и сега бараме зголемување на 500 евра затоа што тоа е минимумот којшто ќе им обезбеди на работниците покривање на трошоците за живот.

„Бидејќи власта ги игнорира работниците ние ќе поднесеме закон за зголемување на минималната плата. СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците, нема да отстапиме од барањата за достоинствена плата и живот на секој работник“, рече Костова.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орав: Косово и Србија не можат во ЕУ без нормализација на односите

Следно

Претседателот на ФФМ Омерагиќ за ТВ21: Нема поголем Албанец или Македонец од мене!

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop