СДСМ: Не глумете опозииција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

July 27, 2025
1 min read

„Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации? Можеби треба да излезе да ја обвини СДСМ и сега откако е удобно на власт. Би сакале да ги потсетиме во ВМРО-ДПМНЕ дека лицето за кое зборуваат дека ја уништило способноста за противпожарна заштита е во коалиција со Христијан Мицкоски, поставен како директор на Дирекцијата за заштита и спасување со зголемена плата за 30% потпишана токму од Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.

Според социјалдемократите ‘на лицето Стојанче Ангелов во последните две години му изгоре површина како што вкупно во 30 години нема изгорено’.

Од опозициската партија посочуваат дека се смешни обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои глумат опозиција, и ги повикаа веднаш и неодложно, јавно да ги објават имињата на сите оние кои подметнувале пожари.

„Секое одбивање да се објават имињата на потпалувачите ќе го сметаме за соучесништво на ДПМНЕ во потпалувањето на пожари и смислено сценарио за одвлекување на јавноста од проблемите предизвикани од апсолутната неспособност на оваа Влада“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Пожари беснеат во цела Албанија – Најкритично на југот, се евакуираат жители и туристи

Следно

Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop