СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

May 13, 2025
1 min read

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ заклучокот за меѓународната политика и дипломатијата е поразителен и дека ниту едно предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ не е исполнето.

Обраќањето на Бејта го пренесуваме во целост:

Ветуваа променета и подобра преговарачка рамка за членство во ЕУ, ветуваа подобра меѓународна позиција на Македонија, ветуваа силна надворешна политика и нови меѓународни успеси.  

Реалноста е сосема спротивна: Македонија има полоша меѓународна позиција, нема подобра преговарачка рамка, закочен е европскиот пат а нема ниту еден меѓународен успех.

Наместо подобра позиција за преговори со ЕУ, добивме целосно замрзнување на процесот и блокада на европската агенда.

За време на мандатот на СДСМ, Македонија напредуваше во европската интеграција.

Денес сме зад Албанија, зад Црна Гора, зад сите. Тоа е вистината. Молдавија го завзема местото на Македонија на патот кон ЕУ, ние остануваме назад, заглавени во неизвесност.

На секое поле во меѓународната политика е хаос, владата не знае каде тера.

Власта не успеа да покаже конзистента и државничка политика со стратешките парнери ЕУ и САД.

Посетите на премиерот Мицкоски во САД се сведоа на фотографии од хотелски лобија, ракувања „на нога“ со новинари и неколку бизнисмени – без конкретен бенефит за државата.  

Наместо успех и „влегување во периметарот“ добивме маргинализација и царини највисоки во регионот.

Нема никаков успех на меѓународен план, затоа што воопшто и не се работи.

Додека земјите од регионот водат дипломатска агресивна агенда преку средби со високи државници, нашата дипломатија е сведена на бирократски протокол и импровизација, без стратегија и реална надворешно-политичка визија.

Министерот за надворешни работи, Муцунски, за една година не покажа никаков  резултат, нема ниту еден успех.

Единствен потег што го направи е партиско-политички чистки во дипломатијата, незаконско отповикување на амбасадори, замена на професионалци со партиски кадри.

Сето тоа кулминира со обидот за противуставно менување на Законот за надворешни работи, со цел Владата да го преземе и последниот збор во дипломатијата, исклучувајќи го Претседателот на државата.

Македонија нема амбасадори во клучни европски држави: Франција, Италија, Данска, Белгија, Романија, Унгарија, Естонија.

Нема амбасадори во НАТО, Женева, Њујорк. Воедно Владата нема назначено ниту Генерални конзули во важни конзулати како Солун, Мелбурн, Њујорк, Детроит, Торонто.

Дури и во Кралството Данска, држава што од 1 јули ќе претседава со ЕУ – Македонија нема предложено амбасадор.

Дипломатско-конзуларните претставништва се речиси нефункционални, а дипломатите сами, без поддршка, се борат да ја претставуваат државата.

Ова е дипломатски срам, ова е целосно потфрлање на македонската дипломатија.

СДСМ е партија што ја доведе државата најблиску до ЕУ, и ќе продолжи да се бори – за отворање на поглавјата, за активна надворешна политика, и за Македонија како рамноправен партнер во НАТО и ЕУ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таткото на загинатата Фросина го нарече судот мафија

Следно

12 години затвор за смртта на Фросина – таткото бесен: Судот е мафија, одбраната ќе поднесе жалба

Latest from Blog

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ЕУ ДА ГО ПОЧИТУВА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на

СПЦ го разреши Јустин – шест владици гасале против

Митрополитиот Жички Јустин е разрешен на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, објави вечерва порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори од Сободот. За смената на митрополитот жички Јустин гласале 27

Ц. Звезда ќе го продаде напаѓачот за 4,3 милиони евра

Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра. Вкупната вредност на трансферот

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук
Go toTop