СДСМ: Мицкоски наместо сериозни средби со светски лидери се ракувал „од нога“ со новинари и неколку бизнисмени во САД

January 22, 2025
1 min read

Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните која не им носи ништо ниту на нив ниту на државата. Владата три дена го продаваше ова патување како „историски успех“ но вистината е сосема поинаква: премиерот немал ниту официјална покана за инаугурацијата на претседателот Трамп ниту бил дел од неа. Наместо тоа, тој присуствувал на партиски митинг организиран од Републиканската партија, од каде инаугурацијата ја следел на монитор.

Наместо сериозни средби со светски лидери или високи дипломати, добивме фотографии од хотелски лобија, ракувања „на нога“ со новинари и неколку бизнисмени од кои повеќето само пред два месеци беа тука кај нас. Ова патување не донесе ниту еден конкретен бенефит за државата, а јавноста со право прашува: колку чини овој спектакл и што добија граѓаните за возврат?

Истовремено, бугарските медиуми открија дека зад целата организација стои ПР агенција која овозможува странски политичари да присуствуваат на вакви настани за „да си направат слики“. Тоа значи дека ова не е ниту дипломатски успех, ниту признание, туку обична промоција на Мицкоски платена со пари од народот.

Според првичните проценки, ова патување ја чини државата стотици илјади евра – средства кои можеше да се искористат за реални потреби на граѓаните. На пример, со овие пари можеше да се реконструираат неколку училишта, да се купат 10 нови амбулантни возила за итната помош или да се дадат како поддршка за ранливи групи кои мака мачат со трошоците за живот.

Додека Владата троши на лажен престиж, граѓаните секојдневно се борат со сиромаштијата, со цените кои растат благодарение на Мицкоски и неговиот поданички однос кон трговците, немаат терапија во болниците. Можеби Мицкоски требаше да си го купи новиот авион кој го најавува па со него да оди да се слика во хотели.

Најголемиот срам доаѓа со обидот на Владата ова патување да го продаде како „голем дипломатски успех“. Во домашните медиуми, премиерот се претставува како „единствениот политичар од Балканот“ кој добил покана за инаугурацијата на Трамп. Но, вистината е далеку од тоа – тој беше дел од толпата на митинг и не беше поканет на официјалниот настан. Дипломатијата подразбира средби, резултати и визија за државата. Мицкоски ни понуди само слики за Фејсбук.

Граѓаните заслужуваат транспарентност. Заслужуваат да знаат колку чинеше ова патување и кој го организираше. Заслужуваат да знаат зошто Владата троши пари на вакви спектакли, додека народот едвај врзува крај со крај.

Македонија заслужува лидер кој ќе ја претставува со достоинство, а не турист кој ги користи парите на граѓаните за лажна слава.

Ова не е дипломатија, ова е фарса – и ние сите ја плаќаме цената!

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Александар Гелевски, нов директор на Агенцијата за планирање

Следно

Александар Гелевски назначен за нов директор на Агенцијата за планирање

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop