СДСМ: Мицкокси повторно халуцинира, Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа

August 15, 2025
1 min read

СДСМ реагира на серијата јавни настапи на премиерот Мицкоски, кој, како што велат од оваа партија, „отворајќи“ чешми и други „мега-проекти“ се фали со имагинарни успеси во недостиг на реални резултати кои би го подобриле животот на македонскиот граѓанин.

Во реакцијата тие прашуваат:

СДСМ јавно го прашува премиерот каде се инвестициите со кои се фали?

Доколку навистина постојат наредниот пат нека се потруди нека ги научи на памет и нека ги посочи со име и онака не се премногу за да ги запамети.

Изјавите како четврта економија во Европа, шеста економија во свет по инвестиции се само резултат на розовите очила кои очигледно ги носи премиерот.

Реалната слика е следна, Македонија е четврта во Европа, но одзади и тоа на листата на најсиромашни земји во Европа.

Македонија се наоѓа на четвртото место меѓу најсиромашните европски држави, според најновите податоци за бруто-домашниот производ (БДП) по глава на жител. Според анализите, БДП по жител изнесува 8.751 долар, а според паритетот на куповна моќ (PPP) – 19.290 долари.

Ова е резултат пред се на безидејноста на македонската Влада која ја закочи европската иднина на државата, а младите просперитетот го гледаат надвор од своето родно место.

Само минатиот месец имаме покачување на невработеноста за 2900 лица, а во мандатот на Владата на Мицкоски имаме повеќе од 32 илјади затворени работни места.

Најголем дел од овие луѓе ја напуштиле државата и си заминале по белиот свет да побараат подобра шанса за успех и просперитет.

За жал ниту еден фејк статистички податок овие млади луѓе нема да ги врати назад.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола на врвот по број на проекти: Големи инвестиции за градот и населените места

Следно

Почнаа да важат цените за „училишна кошница“, Владата очекува заштеда во семејниот буџет до 3.000 денари

Latest from Blog

БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот

Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот. До завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба на инвеститорот, забрането е движење

Тачи: Нема документ за поделба на Македонија, идејата беше пласирана од УДБА

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека

Претседател на Федерација тајно застана зад Инфантино, во УЕФА се бесни!

Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува
Go toTop