Screenshot

Битола на врвот по број на проекти: Големи инвестиции за градот и населените места

August 15, 2025
2 mins read

Општина Битола е општината со најмногу одобрени проекти на вториот јавен повик за поддршка објавен од Владата, со вкупно 65 проекти. Во предстојниот период, ќе се реализираат капитални проекти во висина од 707милиони денари – најголемата инвестиција што Владата на Република Македонија ја направила во градот во рамките на една година.  Во првиот повик објавен во септември 2024 година, општина Битола доби 16 проекти. Преку овие проекти општината се позиционира како една од водечките во реализација на капитални инвестции.

 

Најголемиот дел од средствата, односно 144 милиони денари, ќе бидат насочени кон подобрување на училишната инфраструктура.Предвидена е изградба на три нови спортски сали во:

 

• ОУ „Стив Наумов“

• ОУ „Тодор Ангелевски“

• ОУ „Даме Груев“ – подрачно училиште во Долно Оризари

 

Покрај тоа, инвестициите за поддршка на младите се зголемуваат за уште 112 милиони денари, кои ќе бидат наменети за изградба на нови и реконструкција на постојни игралишта во:

• ОУ „Даме Груев“

• ОУ „Климент Охридски“

• ОУ „Трифун Пановски“

• ОУ „Ѓорѓи Сугарев“

• ОУ „Гоце Делчев“ – кај „турското училиште“

• ОУ „Коле Канински“ – Буковски Ливади

• Подрачно училиште ОУ „Тодор Ангелевски“ во Горно Оризари

Во Буковски Ливади ќе се реконструира објект со пренамена во училиште, во вредност од 30 милиони денари.

Значителни средства се издвојуваат и за спортско-рекреативни објекти. Изградбата на атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“ ќе чини 77 милиони денари, а за реконструкција на игралиштата во населба Стрелиште и тениското игралиште во Брусничка населба ќе се вложат 28 милиони денари.

Се предвидува и изградба на шест нови паркинзи, во вредност од 30 милиони денари, кои ќе обезбедат 150 паркинг места на локациите: 

• Овчи Пазар,

• Ат Пазар

• улица Браќа Џаферови

• поранешната касарна

• кај Хеликоптерот

• Кифлата

Во делот на сообраќајната инфраструктура во градот, ќе се гради и реконструира поголем број улици. Ќе се изврши комплетна инфраструктурна изградба на:

• Улица „Донка Ушлиова“ во Јени маало

• Инфраструктура во АРМ Четврт 2 (поранешната касарна)

• Улиците околу болницата Плодност

Предвидена е реконструкција на улиците:

• „Влатко Миленковски“

• „Христо Ботев“

• „Димитар Тодоровски“ (ул. „11-та“)

• „Бегова чешма“

• „Булевар 1-ви Мај“ (кај стара Треска)

• „Ѓорѓи Димитров“

• „Даме Груев“ – Мал Париз крак 1, 2 и 3

• „Дебарска“

• „Караорман“

• „Мукос“

• „Љубојно“

• „5-та“  во населба Баир

• Дел од „Паца Ванчова“

• Дел од „Гаврило Принцип“

• „Васко Каранѓелевски“

• „Романија“

Проектите опфаќаат и изградба и реконструкција на улици во населените места од општината. Ќе се градат улици во:

• село Карамани

• патот до манастирот Св. Меркјури во село Барешани

• село Ротино

• село Раштани

• село Трн,

• село Братиндол и

• село Горно Ореово

Од општината истакнуваат дека ова е најголемата инвестиција во Битола во изминатите 30 години. Тие нагласуваат дека проектите не се дел од предизборна кампања, туку резултат на долгогодишна подготовка на проектната документација.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин затворен

Следно

СДСМ: Мицкокси повторно халуцинира, Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop