СДСМ: Косовската граница е решето, отворена за бегство на криминалци

December 21, 2024
1 min read

Власта го пушти Груби слободно да ја премине границата, за што постојат основани сомнежи дека станува збор за договор меѓу ДПМНЕ и ДУИ, рекоа од СДСМ во соопштение.

„Бројните пропусти се само потврда за ова. Од дојавата дека е поднесена кривична пријава, преку поставување на мобилна патрола без никаква информација па се до поминувањето преку греничниот премин Блаце без проверка, дозволено од страна на лицето БЈ назначен од Тошковски.

Фатена во овој голем скандал власта прво се обиде кај батериите на камерите да ја префрли вината а сега лицитира каде се наоѓа Груби, дали е во Косово или Албанија.

Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци. 

Владините функционери наместо да лицитираат треба да понесат одговорност. За бегството на Груби, односно пуштањето надвор од границите на државата Тошковски веќе требаше да си поднесе оставка“, се вели во соопштението на СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Собранието ќе биде доделена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Следно

Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов

Latest from Blog

Николоски: Градежништвото бележи историски раст од речиси 22 проценти

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото бележи раст од речиси 22 % споредено со истиот период минатата година. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна

Проданоски: „Старо Бонче“ заслужува да биде меѓу најзначајните археолошки локалитети во Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети археолошкиот комплекс „Старо Бонче“, каде во изминатите десетина дена интензивно се реализираат систематски археолошки истражувања. Проданоски се запознал со текот на истражувањата и досегашните
Go toTop