СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со обвинувањата кој е поголем виновник за состојбата со патните исправи

February 22, 2024
1 min read

Пратеници во акција, со цел да проверат дали можат да излезат од државава со документите со старото уставно име. Бране Петрушевски и Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, се упатиле кон бугарската граница.

Од објавеното видео на социјалните мрежи, тие од службениците се спречени да ја поминат границата со старите документи, но кога ги покажале дипломатските пасоши со старото уставно име одговорот од службениците бил дека немаат дополнителни инстуркции за такви случаи и дека би можело да излезат од државата. Од СДСМ им порачаа да не се потсмеваат со граѓаните.

„Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец. Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со новото уставно име, Северна Македонија и многу други пратеници од ДПМНЕ. ДПМНЕ ги лаже граѓаните и создава уште поголем проблем со извадањето нови пасоши. Од една страна нивниот министер за внатрешни работи во техничката Влада целосно го заглавува процесот со погрешни одлуки и чекори. Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши го укина вадењето пасош без закажување. Тоа го пролонгираше целиот процес со месеци. Граѓаните со денови не можат да закажат термин, а оние што се сликале не можат да го добијат пасошите со недели.Од друга страна ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со законско решение може да се сменат обврски од меѓународен договор.“ – изјави Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека се видновни за хаосот во државата. Оттаму велат СДСМ две ипол години издавале пасоши кои знаеле дека нема да важат заради преспанскиот договор, но и за немањето на обрасци во државата велат грешката е на СДСМ.

– Пратеникот Бране Петрушевски има дипломатски пасош со името Република Македонија, и тој ја помина границата без проблем. Факт е дека пратениците со пасоши со Република Македонија може да патуваат и тоа СДС го знае, заради нив само народот е заглавен, но не и функционерите на власта. СДС и ДУИ имаат шанса да ја запрат агонијата на над милион граѓани и да го поддржат Законот за продолжување на важноста на пасошите во Собранието, што е веќе во процедура како предлог на ВМРО-ДПМНЕ. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред граѓаните сеуште стои препреката „ве молиме почекајте“ за закажување термин за вадење лични документи. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев денеска потенцира дека пратката од 140.000 обрасци за патни исправи е подготвена и е на пат кон државава. Најави дека за скоро време треба да пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Соработката на локалната власт ПУК со терористите на ПКК во Сулејманије ја поткопува стабилноста во Северен Ирак

Следно

Во Белград е прогласена епидемија на мали сипаници

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop