СДСМ: ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка, но сликите не лажат

January 5, 2025
1 min read

ДПМНЕ лаже за експресниот пат Страцин – Крива Паланка затоа што СДСМ го заврши над 90% а тие го блокираа како опозиција, велат од СДСМ во соопштение.

„Првиот асфалт на експресниот пат Страцин – Крива Паланка е поставен уште во 2023 година.

Од увид во веќе започнатиот процес за асфалтирање има слики и објава на официјалната 

Фејсбук страница на Јавното претпријатие за државни патишта на 23 ноември 2023 година.

(Лини до објавата: https://www.facebook.com/share/p/12J4Jdn9MSx/ )

Китењето со туѓи перја е едно но ова патолошко лаже ДПМНЕ зборува за нив и покажува колку се неспособни па мора да измислуваат дека нешто направиле.

За експресниот пат Страцин – Крива Паланка ДПМНЕ само пресече лента и направи неколку стотина метри асфалт и ништо друго. А како опозиција го блокираше проектот во Собранието.

Проектот за експресниот пат Страцин – Крива Паланка беше почнат во 2018 година, првиот асфалт беше поставен во 2023 година и над 90% беше завршен до првата половина на 2024 година, во време на СДСМ.

Да не беа блокадите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овој пат можеше да се заврши уште во 2024 година.

Очекуваме и Мицкоски и ДПМНЕ денеска да излезат и да им се извинат на граѓаните за тоа што ги излажаа“, стои во соопштението на СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното пред два дена во Скопје

Следно

Јужнокорејскиот суд ја отфрли жалбата на отповикуваниот претседател против налогот за приведување

Latest from Blog

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор

Тоневски: Лесновската колонија ја зацврстува културната препознатливост на Пробиштип

Тони Тоневски истакна дека Меѓународната Лесновска ликовна колонија претставува едно од најзначајните културни случувања во Пробиштип, кое со години ги обединува уметниците и го промовира културното наследство на Лесново. Тоневски информираше дека

Денеска на Мундијалот: Страшната Франција подготвена за ново шоу а Парагвај нека му ја мисли

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Синоќа заврши 1/16 финалето на СП, а од вечерва стартува 1/8 финалето. Се разбира дека ова е тоа вистинското, „забавата“, онаа вистинска, сега почнува. Вечерва на програтама се два меча, Канада
Go toTop