СДСМ денеска избира нов партиски претседател

April 6, 2025
1 min read

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска одржува редовни внатрепартиски избори за претседател на партијата. Единствен кандидат за оваа функција е актуелниот партиски лидер Венко Филипче.

Гласањето ќе се спроведе на 78 избирачки места во општинските организации на СДСМ ширум државата. Избирачките места ќе бидат отворени од 08:00 до 20:00 часот, а за спроведувањето на изборниот процес е задолжена Централната изборна комисија.

Од партијата информираат дека Комисијата веќе го потврдила и затворила Избирачкиот список, на кој се запишани 23.712 активно регистрирани членови. Обезбедени се сите потребни услови за непречено спроведување на изборниот процес, вклучително и избирачки материјал, паравани, кутии и ознаки.

Секој регистриран член ќе може да го оствари правото на непосредно и тајно гласање во својата општинска организација. За да може да гласа, секој член треба да поседува електронска членска картичка од СДСМ и важечки документ за идентификација (лична карта или пасош). За болните и немоќните лица, гласањето беше овозможено еден ден порано – во сабота, на 5 април 2025 година.

По завршувањето на гласањето, од СДСМ најавија дека резултатите ќе бидат соопштени во текот на денот.

Сите детали, правилници, роковници и документи поврзани со изборите се достапни на официјалната веб-страница на СДСМ.

Претходно, внатрепартиските избори беа закажани за 16 март, но беа одложени поради трагедијата во Кочани.

Венко Филипче беше избран за претседател на СДСМ во јуни минатата година на вонредните избори, откако Димитар Ковачевски поднесе оставка поради најлошиот историски резултат на партијата на претходните парламентарни и претседателски избори. Доколку повторно биде избран, Филипче ќе добие нов мандат од четири години.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Облачно и студено со врнежи од дожд и снег, засилен северен ветер

Следно

Билансот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 3.471

Latest from Blog

ТУРИСТИТЕ И ГРАЃАНИТЕ И ВО НЕДЕЛА И ВО ПРАЗНИК ЌЕ МОЖАТ ДА КУПУВААТ НА ШИРОК СОКАК

Битола, продолжува да ја зацврстува својата позиција како врвна туристичка дестинација, нудејќи им на посетителите незаборавно искуство низ вековната историја и автентичната архитектура. Култното шеталиште Широк Сокак, со својот уникатен спој

Сувото месо се чува во замрзнувач до 12 месеци

Сувото месо, како храна, честопати се наоѓа во многу домаќинства, па познавачите наведуваат дека многу луѓе прават грешки во чувањето. Како правилно да ја складираат оваа храна? Се истакнува, пред сѐ, дека
Go toTop