СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот во Крива Река?

March 28, 2025
1 min read

Во врска со сериозниот еколошки инцидент на 14 март во Крива Река, СДСМ изразува длабока загриженост и ја повикува јавноста, институциите и правосудните органи да не дозволат овој случај да биде заташкан.

„Се работи за сериозно загадување на реката и животната средина, кое може да има долгорочни последици по здравјето на граѓаните, водите, почвата, земјоделството и целиот екосистем во регионот. Најалармантно е што постојат сериозни сомнежи дека државните институции, пред сè Инспекторатот за животна средина, свесно прикривале информации и намерно ја дезинформирале јавноста. Иако биле обврзани по закон веднаш да земат примероци и да утврдат присуство на опасни хемикалии во водата, тоа не било направено. Наместо анализа, било објавено дека се излеала „само вода“, што е тешка лага со можни кривични последици“, пишува во соопштенито до јавноста на СДСМ.

Според СДСМ дополнително загрижува тоа што има индиции дека инспекторите кои излегле на терен имаат директни или индиректни врски со фирмата Булмак 2016. Ова е очигледен судир на интереси кој фрла сомнеж врз целиот надзорен процес и отвора прашања дали државата свесно ја штити компанијата Тораница на штета на здравјето на граѓаните.

„СДСМ бара од Јавното обвинителство итно да отвори предмет за овој случај. Очекуваме Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина да ја информираат јавноста дали Булмак 2016 работи догласно А интегрираната еколошка дозвола, со оглед на тоа дека ова не е прво прекршување. Бараме и објава на сите релевантни инспекциски извештаи, како што налага законот, и утврдување на индивидуална одговорност за сите службени лица кои не постапиле согласно прописите“, посочуваат од СДСМ.

Опозициската партија порачува дека граѓаните имаат право да знаат што се случува со нивната животна средина и дека никој нема право да си игра со нивното здравје.

„Потребна е транспарентност, одговорност и решителност. Овој случај нема да помине незабележано“, посочуваат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот потпретседател по разговорите во Париз за Украина: Туркије е нераскинлив дел од процесот

Следно

Внимателно возете: Се чистат одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово

Latest from Blog

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува
Go toTop