СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите

July 9, 2025
1 min read

Координатрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, го повика претседателот на Собранието, Африм Гаши, да свика итна координативна седница за справување со пожарите.

„Македонија гори во моментот, во Крива Паланка за жал ја имаме првата човечка жртва. Горат неколку куќи во кумановско во село Читирце, под опсада е веќе село Долно Коњае, гори селото Николиќ итн. Затоа барам веднаш претседателот Африм Гаши да се врати во Собранието каде и да е,  да свика една ад-хок координација и на  таа координација да видиме како Собранието може да помогне во целата оваа ситуација и што е тоа што треба да го да го направиме. Инаку се друго нема поента веќе да да дискутираме и да правиме се додека луѓе умираат од пожарите а нема никој да реагира во овој дел. И навистина мислам дека треба барем ние да покажеме малку поголема одговорност, барем час пауза и Африм Гаши да дојде во Собранито“, рече Спасовски.

При тоа, тој остро реагираше на отсуството на владини  министри а од денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања од опозицијата. Спасовски посочи дека тоа е  грубо непочитување на Деловникот, но и на функцијата на Парламентот како претставнички дом на граѓаните.

„Не треба апсолутно ваков однос да се толерира повеќе, затоа што не е ова прв пат да имаме присутни еден или двајца или тројца министри од 24 министри во владата коишто ги  имаме денеска. Што е поважната работа од тоа што денеска треба да работи Собранието, тоа е  прво и второ за коешто сакам исто така реагирам, очигледно е дека сето ова што го правиме денеска одговараме поставуваме прашања нема кој да даде одговори“,рече Спасовски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Армијата излегува на терен – одлука на претседателката поради пожарите

Следно

Шефот на НАТО тврди дека Русија ќе ја нападне Европа ако Кина го нападне Тајван

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop