СДС во внатрепартиска криза, по изборот на старо новото раководство на двоецот Заев-Филипче следат оставки и барања за повлекување на Филипче

December 19, 2025
1 min read

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„СДС на предлог на Заев а поддржан од Филипче, избра старо ново раководство, но во истиот момент започнаа и реакциите од општинските организации на СДС низ Македонија, летатат оставки но и бараат оставки од Филипче.

И покрај гласините и изјавите на Филипче за реформи во партијата на дело се покажа дека Зоран Заев е клучен фактор во партијата.

Наместо подмладување, освежување и нови лица со нова енергија СДС повторно се потпира на веќе видените и истрошени кадри од кругот лојален на Зоран Заев.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

СДС на чело со Филипче промовира „нови лица“  кои се обременети со афери, скандали и без доверба кај народот, кои имале можност но не ги исполниле очекувањата и довербата која им била дадена од граѓаните.

Јон Фрчкоски, Јованка Тренчевска, Андреј Жерновски, Љупчо Фармаковски, Александар Наумоски, Филип Андов се луѓе кои се идентификуваат со низа скандали и контроверзии позади себе.

Дека СДС се соочува со внатрепартиска криза и има недостаток на кадри, покажуваат и оставките од општинските организации на Ѓорче Петров, Битола и Крива Паланка.

Петре Шилегов е еден од повеќето партиски функционери кои јавно бараат оставка од Филипче, нарекувајќи го „претседателот“ во иронија како што самите пишуваат во објавите на социјалните мрежи.

Во СДС не може да има реформи додека Заев и истите луѓе 15 години ги водат клучните одлуки во партијата и кои ја доведоа СДС на дното а државата ја осиромашија.

Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче, како и дистанцирање и оградување од политиките на Заев.“

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Настапот на Фетаи во Доха ја потврди посветеноста за вистинска борба против корупцијата

Следно

Центарот Кенеди е преименуван во Центарот Трамп-Кенеди

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop