Саудиска Арабија користи вештачка интелигенција за да им обезбеди квалитетни услуги на верниците за време на аџилакот

May 29, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Саудиска Арабија воведе напредни технологии и платформи базирани на вештачка интелигенција за да обезбеди квалитетни услуги на речиси два милиони муслимански верници кои оваа година го извршуваат аџилакот, јавува Анадолу.

Надлежните открија неколку иновативни дигитални решенија кои имаат за цел да го олеснат ова длабоко духовно патување.

Меѓу новитетите е и „Манара 2“ – робот базиран на вештачка интелигенција кој комуницира на повеќе од 20 јазици и им нуди информации и помош на аџиите на клучни локации, во реално време.

Воведени се и т.н. „Нусук“ картички, кои овозможуваат закажување посета на Светата Равда во Пратениковата џамија.

Со овие картички, аџиите исто така имаат пристап до своите контакт-податоци и информации за сместување, со што се намалува бројот на изгубени и погрешно насочени лица.

Центарот за водичи на автобуси во Мека, опремен со паметна технологија, функционира во соработка со платформите „Нусук“ и „Аршидни“, обезбедувајќи безбеден и точен превоз до сместувачките капацитети на аџиите.

Апликацијата „Тавакална“ ги информира аџиите за нивната здравствена состојба и овозможува пристап до потребните медицински услуги.

– Паметни апликации со вештачка интелигенција –

Саудиските власти ќе ја активираат и иновативната апликација „Паметен асистент“, која на повеќе јазици ги информира посетителите за важни услуги како времињата за молитва, распоредите на имамите и локациите на верски часови.

Саудиските власти исто така ја започнаа иницијативата „Рутата на Мека“ која им овозможува на аџиите уште од своите земји да ги завршат административните процедури пред поаѓање, за да се забрза и поедностави целиот процес.

Воведено е и ново решение за кодирање и сортирање багаж, кое овозможува полесно следење и испорака на багажот од аеродромите до сместувањата на аџиите во Мека или Медина.

Покрај тоа, достапни се и мобилни апликации за рецитирање и учење на Куранот, со што се зголемува духовната поврзаност и религиозното искуство на верниците.

Според саудиските власти, повеќе од 1,2 милиони аџии веќе пристигнале во земјата, а аџилакот официјално започнува следната недела.

Аџилакот претставува петтиот столб на исламот – ритуал што секој муслиман е должен да го изврши барем еднаш во животот, доколку има финансиски можности.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Нема да има девалвација на денарот – Славески: Фокус на НБРМ е поддршка на политиките на владата

Следно

Турција успешно тестираше симултан двоен ракетен напад со АГМ-65 Маверик

Latest from Blog

Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

„Српскиот народ има право да живее во демократска земја каде што се почитуваат демократијата и владеењето на правото, каде што службените лица се одговорни за своите постапки“, напишаа европските социјалдемократи денеска на

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќните, осудените лица и сместените во домот за стари лица во Куманово

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќни лица во Куманово, на корисниците на услугите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и на осудените во казнено-поправната установа Куманово, соопштија денеска од

Кој и зошто и подметна БУГАРСКО ЗНАМЕ на Цеца на концеротот во Велес?

Концертот на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, што се одржа вчера во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент кој предизвика бурни реакции во публиката. За време на настапот Цеца во
Go toTop