Санторини: Уникатен вулкански остров во Грција со прекрасен поглед и зајдисонце

October 26, 2024
1 min read

САНТОРИНИ (АА) – Санторини, познат уште од античко време како Тира, е еден од најспектакуларните острови во Грција и во светот, јавува Анадолу.

Лоциран во Егејското Море, на половина пат помеѓу Атина и Крит, овој вулкански остров привлекува туристи од целиот свет со своите куќи изградени од камен карактеристичен за регионот, белите фасади и сини покриви, кои ја дополнуваат традиционалната грчка архитектура.

Целата површина на Санторини всушност е вулканска карпа, резултат на илјадници години ерупции. Во последните 400.000 години, вулканот на островот еруптирал повеќе од 100 пати.

Секоја ерупција доведувала до колапс на централниот дел на вулканот, создавајќи огромен кратер, познат како калдера, затоа ќе видите градови кои изгледаат како да паѓаат по ридот.

Ефектот е извонреден и крајно фотогеничен, додека пак улиците и тротоарите се доста стрмни.

Островот нуди неверојатни погледи кон кристално чистите води и најубавото зајдисонце, кои ја прават секоја вечер магична.

Местата Фира и Оја се најпопуларните дестинации, каде што туристите може да уживаат во панорамски погледи и да се потопат во историската атмосфера на островот.

До Санторини може да се стигне по море, а кога ќе пристигнете, постојат две возбудливи опции за да се искачите на височините.

Првата е патување со жичарница која ги поврзува пристаништето и градот, додека втората опција, за оние кои сакаат авантура, е искачување по 657-те скали.

И двата начина нудат незаборавно искуство и поглед што долго ќе остане во меморијата на посетителите.

Островот е познат не само по својата природна убавина, туку и по својата богата историја и археолошки локалитети.

Акротири, античка населба уништена од вулканска ерупција, е едно од местата што мора да се посетат.

Истовремено, локалната култура, гастрономија и гостопримството го прават Санторини совршено место за оние кои бараат уникатно искуство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каква е состојбата на македонските патишта?

Следно

Расел излета од патеката на вториот тренинг за Големата награда на Мексико

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop