Сан Франциско им дава алкохол на алкохоличари. Функционира.

June 5, 2024
1 min read

Брус (65) и Лиса (62) се едни од малкуте корисници на градскиот програм Менаџиран алкохолен програм (МАП) и викаат дека да не беше тоа, сега ќе беа мртви.

Тие и останатите се сместени во објект кој некогаш бил хотел и каде под строга медицинска контрола редовно им се даваат точно определени дози вотка – од една страна за да не се убијат од алкохол а од друга, да се избегнат ефектите од сувото спуштање кое може да биде проследено со фатални грчења и спазми кај оние кои физички се зависни од алкохол.

Повеќеденицското бездомништво и локање кај нив има оставено видливи траги, пишува УСА Тудеј – им фалат заби, гласот им е шмиргла, очите крвави. На Брус еднаш му се има скршено шише алкохол на улица, го има сркано со цевче, а Лиса има скршено рака и не се сеќава како се случило тоа.

МАП нема да го реши проблемот: Центарот за контрола и превенција на болести вели дека секоја година од препивање директно се убиваат 178.000 луѓе.

„Пред да влезам во МАП, го пиев доручекот, ручекот и вечерата. Не можев ни да одам, тотално бев крш. МАП ми помогна да имам редовна терапија, да функционирам,“ вели Брус. И Лиса исто: „Ќе бев мртва да не ме земаа овде“.

Програмот се темели на идејата за „намалување на штетите,“ што веќе со успех е пробано кај зависници од дрога: да се намалат негативните последици, без да се инсистира на комплетна апстиненција и „излекување“, какви што се традиционалните системи на „Анонимни алкохоличари“ и сл.  Досегашните искуства велат дека со вакви програми, зависниците намалуваат злоупотреби од 50% до 75 посто.

Пред две години и Националниот институт за злоупотреба на алкохол ги смени дефинициите и не инсистира на комплетна апстиненција: по ново, ок се 14 пијачки неделно за мажи и седум за жени, ама распоредени, не одеднаш.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова утре ќе го врачи мандатот за состав на Влада

Следно

Рудигер: Германија треба да го земе убиствениот инстинкт од Реал Мадрид

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop