Рудигер: Германија треба да го земе убиствениот инстинкт од Реал Мадрид

June 5, 2024
1 min read

Репрезентацијата на Германија може да учи од неодамнешниот освојувач на Лигата на шампионите, Реал Мадрид и да се обиде да го земе убиствениот инстинкт од шпанскиот шампион, смета дефанзивецот Антонио Рудигер.

Германскиот репрезентативец ја освои Лигата на шампионите со Реал во саботата по победата од 2:0 над Борусија Дортмунд, а германскиот тим имаше добри шанси за гол, особено во првото полувреме.

Тоа беше 15-та титула за Реал на турнирот, а тимот нема пораз во финалињата повеќе од 40 години.

-Германија и Реал Мадрид се различни парови копачки. Тука имаме многу добар систем кој одговара на натпреварите, но од Мадрид можеме да го земеме инстинктот на убиец. Нашиот последен натпревар против Украина беше супер добар. Не сме одиграле 0-0 долго време, но пропуштивме многу шанси и во тој поглед можеме да земеме нешто од Мадрид, изјави Рудигер на прес-конференцијата на националниот тим во базата во Херцогенаурах.

Германскиот тим потфрли и на Светското првенство во Катар во 2022 година, откако се мачеше пред голот и вторпат по ред испадна од групите. Селекцијата во петок ќе игра со Грција на последниот тест пред почетокот на Европското првенство, кое го отвора со мечот против Шкотска на 14 јуни.

-Очекувањата во нашата земја се огромни. Имаме важен последен тест во петок. Тоа е важно за самодовербата. Мораме да бидеме скромни. Знаеме што се случи на последните турнири. Имавме подеми и падови на патот. Важно е да одиграме многу добар прв натпревар и ќе видиме што ќе се случи следно во првенството, изјави и Антонио Рудигер.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Сан Франциско им дава алкохол на алкохоличари. Функционира.

Следно

Раде Стојановиќ официјално на клупата на Тримо Требње

Latest from Blog

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со
Go toTop