Само е прашање на време и кибрит кога ќе забранат

June 27, 2023
1 min read

Сите пицерии и општо ресторани во Њујорк кои го користат традиционалниот начин на печење ќе треба да го намалат загадувањето што го создаваат за 75%. Секој од нив одделно ќе треба да најми архитект и инженер кои ќе требаат да им осмислат како најефикасно да го намалат загадувањето.

„Сите Њујорчани заслужуваат да дишат здрав воздух, а печките на дрво и јаглен се меѓу најголемите создавачи на штетни гасови во населбите со лош квалитет на воздухот.

Најразумното решение, до кое е дојдено во соработка со претставници на рестораните и еколозите, бара професионална ревизија за тоа дали поставување на контрола на издувни гасови е изводлива,“ порачал портпаролот на Одделот за заштита на животната средина на Њујорк, Тед Тимберс.

Новото правило ќе бара од сите пицерии кои имаат вградено печка пред мај 2016 да купат уреди за контрола на загадувањето. Сопствениците на пицерии се жалат што дури и да купат филтри за воздух од 20.000 долари, тие константно на неколку недели ќе треба да одвојуваат пари за нивно одржување.

Проблемот е и тоа што самата пица печка и обемот на нејзинот оџак се оптимизирани за да имаат совршено повлекување на воздухот, што пак ја одржува перфектната температура на печката. Секоја модификација на издувот на печката директно ќе влијае на вкусот на пицата.

Дел од критиките за законот што доаѓаат од купувачите се – нека возат милијардерите помалку приватни авиони и исто ќе помогнат во борбата со глобалното затоплување.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АНЏЕЛА БАСЕТ И МЕЛ БРУКС МЕЃУ ДОБИТНИЦИТЕ НА ПОЧЕСЕН ОСКАР

Следно

Рачна граната експлодирала во дворот на Општината Северна Митровица

Latest from Blog

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап
Go toTop