Само 5% ултраортодоксни Евреи од 24.000 одговориле на наредбите за регрутација во 2024 година

May 21, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Само 5% од 24.000 ултраортодоксни Евреи, познати и како Хареди, одговориле на наредбите за воена регрутација во 2024 година, изјави денес израелски воен претставник, јавува Анадолу.

„Армијата издаде 24.000 наредби за регрутација од планираните 80.000“, изјави Шаи Тајеб, раководител на Одделот за планирање на персоналот во израелската армија, за време на состанокот на Поткомитетот на Кнесетот.

„Само 1.212 лица одговориле на 24.000 наредби за регрутација“, додаде тој.

Израелскиот претставник изјави дека армијата ја интензивира потерата по лицата што избегнуваат регрутација, особено на аеродромот „Бен Гурион“, каде што 411 лица се уапсени, а на 43 им беше забрането да ја напуштат земјата.

Тој истакна дека казните за лицата што избегнуваат регрутација ќе бидат заострени бидејќи „сегашните санкции за поединци се недоволни“.

Заедницата Хареди, која сочинува околу 13% од 10-милионското население на Израел, продолжи да протестира поради регрутацијата по одлуката на Врховниот суд од 25 јуни 2024 година, која ги задолжува за воено регрутирање и запирање на финансирањето на јешивите (религиозни училишта) чии ученици одбиваат служба.

Харедите тврдат дека изучувањето на Тората е нивна примарна должност и дека интеграцијата во секуларното општество го загрозува нивниот религиозен идентитет.

Со децении мажите Хареди избегнуваат регрутација на 18-годишна возраст преку одложувања со запишување во верски училишта сè додека не достигнат возраст од 26 години за ослободување од воено служење.

Израелската опозиција го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху дека работи на нов закон за враќање на ослободувањата од воена служба за Харедите, со цел да ги задоволи коалициските партнери Шас и Јудеизмот на обединета Тора, ризикувајќи колапс на Владата.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година, во која се убиени речиси 53.700 Палестинци, повеќето жени и деца.

Во ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателката го предлага Трајко Славески за нов гувернер

Следно

Затворски казни за расистички навреди кон Винисиус

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример

„Редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците“, истакна Трипуновски

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 демантираше дека на земјоделците им се должат 100 милиони евра. „Не знам од каде калкулациите дека се должат 100 милиони

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.
Go toTop