Салах со новиот договор може да атакува на место во Топ 3 голгетери во историјата на ПЛ

April 11, 2025
1 min read

Мохамед Салах и Ливерпул денеска потврдија дека ќе ја продолжат соработката барем до 2027 година, а оваа вест очекувано е и најкоментирана на англиската фудбалска сцена.

Фановите конечно може да здивнат по многуте шпелулации, а менаџерот Арне Слот доби гаранција дека ќе располага со првата ѕвезда и наредната сезона.

Бројките на Салах и сезонава се импресивни, а со новиот договор има реални шанси да стигне барем до Топ 3 пласман меѓу најдобрите стрелци во историјата на Премиер лигата.

Во моментов Салах е на делба на петтото место, со 184 голови колку што постигна и Серхио Агуеро, а реално достижен уште сезонава е Енди Кол со 187 голови.

Следен на листата е Вејн Руни со 208 голови и се чини дека Салах ќе се фокусира на овој ефект, за дури потоа евентуално да може да размислува за Хари Кејн и неговите 213 погодоци. Реално тешко достижен е лидерот Алан Ширер, кој долго е број еден со фантастични 260 голови во премиерлигашката кариера.

Салах многу скоро ќе стигне и до третото место според бројот на голови и асистенции, бидејќи во моментов има 270, едно учество во постигнување гол помалку од Рајан Гигс и девет помалку од Френк Лампард. Пред нив се Вејн Руни (311) и Алан Ширер (324).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Речиси 90 лица загинаа како последица на лошите временски услови во Индија и Непал

Следно

Турскиот министер Фидан: „Го отфрламе секој план што ги принудува Палестинците да ја напуштат својата татковина“

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop