Речиси 90 лица загинаа како последица на лошите временски услови во Индија и Непал

April 11, 2025
1 min read

Речиси 90 лица загинаа во Индија и Непал како последица на удари од гром, град и обилни врнежи, соопштија денес официјални претставници, јавува Анадолу.

Најмалку 61 лице загинаа во различни области на источната индиска држава Бихар од 9 април поради удари од гром и град, според официјалните претставници за катастрофи.

Претставник на одделот за управување со катастрофи во Бихар за Анадолу изјави дека 39 лица загинале поради инциденти поврзани со невремето, а околу 22 лица загинале како последица од удари од гром.

Според метеоролошките власти, државата беше погодена од тешки временски услови, вклучително и грмотевици и молњи.

Во државата Северен Утар Прадеш, властите соопштија дека најмалку 22 лица, меѓу кои пет жени, загинале во инциденти како последица на обилните врнежи, објави денес јавниот радиодифузер „Ал Индија радио“.

Се наведува дека врнежите биле забележани во 36 окрузи на државата, додека смртни случаи биле пријавени во 11 области.

Деветмесечно новороденче загина како последица на удар од гром во областа Баџура во непалската провинција Судурпашчим, додека неговата мајка е повредена, објави вчера дневниот весник „Рајзинг Непал“.

Дождот и невремето предизвикаа и прекини на струјата и телекомуникациите во погодените провинции.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

Следно

Салах со новиот договор може да атакува на место во Топ 3 голгетери во историјата на ПЛ

Latest from Blog

30 СЕНЗОРИ ЈА СЛЕДАТ ПЛАНИНАТА ХОХФОГЕЛ: Се подготвува ли масивно одронување?

Научниците предупредуваат на можноста од масивно одронување на карпи на планината Хохфогел (дел од Алпите), која се издига на надморска височина од 2.592 метри, на границата меѓу Германија и Австрија. Пукнатината што

Бакарот станува стратешки ресурс – може ли Македонија да го претвори својот минерален потенцијал во економска можност?

Бакарот добива сè поголемо значење на глобалните пазари, додека аналитичарите предупредуваат на можен недостиг од 2027 година. Според UBS Group, дефицитот на металот следната година би можел да достигне 379.000 тони, во

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина
Go toTop