САД загрижени поради влошената безбедносна ситуација на Блиски Исток

January 27, 2023
1 min read

Вашингтон е загрижен дека може да се влоши безбедносната ситуација меѓу Израелците и Палестинците пред посетата на американскиот државен секретар на Блиски Исток поради смртоносната операција на израелските сили на окупираниот Западен Брег.

Блинкен на 29 јануари ќе ги посети Египет, Израел и Западен Брег. Неговата посета, според Стејт департментот, била планирана претходно, а беше најавена само неколку часа по операцијата на израелските командоси во бегалскиот камп Џенин, Западен Брег, при што загинаа седум вооружени лица и двајца цивили.

Палестинските милитанти денеска истрелаа две ракети од Појасот Газа кон јужен Израел. Ракетите беа пресретнати од израелската противвоздушна одбрана, соопшти израелската армија.

Предвидено е Блинкен в недела во Каиро да се сретне со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, а в понеделник ќе ги посети Ерусалим и Рамалах, а во вторник ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас, објави вчера Стејт департментот.

Блинкен е вториот висок американски функционер кој ќе го посети Израел оваа година по советникот за национална безбедност Џејк Саливан, бидејќи расте загриженоста на САД поради насилството и плановите на новата десничарска Влада на Бенјамин Нетанјаху.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс вчера изјави дека Блинкен ќе ја нагласи итната потреба за намалување на тензиите помеѓу Израел и Палестинците, со цел да се запре циклусот на насилство.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Додека глуми Че Гевара, Апасиев станува богат како путиновите олигарси, порачаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Граѓаните ќе го блокира патот до Скопје- за да не стигнат Бугарите до гробот на Гоце Делчев на 4. февруари

Latest from Blog

Невремето направи хаос во Хонгконг- училиштата затворени, не работат компаниите (ВИДЕО)

23 Повеќе летови се откажани и поради бурата, која достигна јачина од 170 километри на час, објави Ројтерс. Поголемиот дел од јавниот превоз во Хонгконг, вклучувајќи фериботи, автобуси и трамваи, е суспендиран. Училиштата

Календар на МПЦ: Утре се прославуваат овие светители

Преподобен Пимен Велики Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе
Go toTop