САД: Во торнадо во Тексас загина едно лице, десетици се повредени

June 16, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Најмалку едно лице загина, а десетици се повредени во разорното торнадо што вчера го погоди Перитон, Тексас, во Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Анадолу.

Напорите за пребарување и спасување се во тек, соопштија властите.

Пријавени се големи штети низ целата област, со уништени домови, откорнати дрвја и еден превртен камион.

Околу 50.000 луѓе останаа без струја во Тексас и Оклахома, според poweroutage.us.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, преку Твитер соопшти дека ги распоредиле клучните ресурси за одговор при итни случаи со цел да им се укаже помош на погодените од торнадото во Перитон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Силно торнадо во Тексас – најмалку три лица загинаа, десетици се повредени

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Поплави во Србија: Сообраќајот кај Краљево во прекин, дел од автопатот однесен од вода

Latest from Blog

Нова етапа на соработка на Организација на жени и Комисијата за еднакви можности во Советот на Општина Битола

Најстарата женска организација во градот – Организација на жени Битола, денеска обелодени дека во изминатите 4 години имале прекината соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, алудирајќи на

Идентификуван е сторителот на масакрот во училиштето во Канада- земјата во шок

Џеси Стренг е идентификуван како вооружениот напаѓач во пукањето во Тамблер Риџ, потврди CTV News. Канадските медиуми објавија дека тој извршил самоубиство по крвавото дивеење. Знамињата на половина копје Знамињата на федералните

Андоновски: Државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но може да отвори јавна расправа

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но оти може да се отвори јавна расправа ако има интерес од родителите. На новинарското

Европол конфискува фалсификувани банкноти во висина од 1,2 милијарди евра

Во операција на Европол откриени и конфискувани се фалсификувани пари во висина од 1,2 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата со седиште во Хаг. Повеќемесечната операција била спроведена во Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка,
Go toTop