САД: Во Германија пристигнаа 31 тенк Абрамс за обука на украинските војници

May 16, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Министерството за одбрана на САД објави дека 31 тенк М1 Абрамс пристигнале во Германија пред обуката на украинските сили организирана од Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

„Можам да потврдам дека 31 тенк за обука М1 Абрамс пристигнаа во Графенвоер, Германија, во подготовка за дополнителна обука на украинските тенковски екипажи“, рече портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Тој повтори дека оваа сеопфатна програма за обука на украинските екипажи има цел да ги подготви за клучните улоги што им претстојат во ефективното управување на тенковите М1 и одбраната на украинскиот народ.

Во јануари, американскиот претседател Џо Бајден објави дека САД ќе ѝ дадат на Украина 31 тенк М1 Абрамс за борба против Русија откако Германија се согласи да ѝ прати тенкови Леопард 2 на Украина.

Овие тенкови, кои сега се во Германија, не се оние што Украинците ќе ги добијат за борба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган: „Време е успехот од 14 мај да го крунисаме со поголема победа“

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Делови од Хрватска и БиХ се уште под вода: Во Обровац нивото на водата опаѓа, но ситуацијата во областа на Бихаќ е тешка

Latest from Blog

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 
Go toTop