САД: Во Дејтон сите сфатија дека Република Српска нема право на отцепување, точка

December 29, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот помошник-државен секретар Џејмс О’Брајен изјави дека босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска (РС) нема право на отцепување, и дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе дејствуваат доколку некој се обиде да го промени овој основен елемент на Дејтон, пренесува Анадолу.

„Во Дејтон разговаравме, и сите таму сфатија дека нема право на отцепување. Точка. САД ќе дејствуваат ако некој се обиде да го промени овој основен елемент на Дејтон“, наведе О’Брајен на официјалниот профил на социјалната мрежа X.

Заедно со својата порака, О’Брајен ја сподели и синоќешната објава на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Босна и Херцеговина, во која, меѓу другото, беше истакнато дека ниту Република Српска ниту Федерацијата БиХ не постојат надвор од рамките на Босна и Херцеговина.

„Уставот на БиХ не му дава право на ентитетот или на која било друга поддржавна единица да се отцепи. Соединетите Американски Држави во неколку наврати јасно ставија до знаење дека ќе дејствуваат против антидејтонските акции, а сецесијата е антидејтонска акција“, беше наведено од Амбасадата на САД во БиХ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Учебници нема, а Шаќири почнува Е-дневник – нов пилот-проект во 40 училишта од второто полугодие

Следно

Бројот на заболени од рак во Косово е зголемен за 15 отсто, годинава регистрирани повеќе од 2 000 случаи

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop