САД: Се водат многу сериозни преговори за нов прекин на огнот во Газа

December 21, 2023
2 mins read

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби вели оти се надеваат дека дискусиите и разговорите „ќе доведат до некаде“, додека официјални преставници на Хамас наведуваат дека се подготвени да разговраат за ослободување на уште израелски заложници откако Израел ќе ја прекине во целост воената кампања во Газа и ќе се зголеми обемот на хуманитарна помош за палестинските цивили

Соединетите Американски Држави (САД) велат дека се водат многу сериозни преговори за нов прекин на огнот во Газа и ослободување на повеќе израелски заложници, пишува Ројтерс. Сепак, според агенцијата изгледите за договор остануваат неизвесни бидејќи Хамас инсистира дека нема да прифати ништо помалку од целосен прекин на изралекста офанзива во палестинската енклава.

Џон Кирби – координатор за стратегиски комуникации на Советот за национална безбедност во Белата куќа / Фото: EPA-EFE/TING SHEN / POOL

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије вчера го посети Египет, за прв пат по повеќе од еден месец на разговори со египетските власти кои се обидуваат да посредуваат за ново примирје во Газа.

Извор информиран за преговорите рекол дека се водат интензивни преговори кој од заложниците кои сè уште ги држат палестинските исламистики милитанти во Газа би можеле да бидат ослободени со ново примирје и кои палестински затвореници Израел би можел да ги ослободи за возврат.

Исламски џихад, помала палестинска милитантна група која исто така држи заложници во Газа, соопшти дека нејзиниот лидер ќе го посети Египет во наредните денови за да разговара за можен крај на конфликтот.

„Ова се многу сериозни дискусии и преговори и се надеваме дека ќе доведат некаде“,

изјави вчера портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

Но, Тахер Ал-Ноно, советникот за медиуми на Исмаил Ханије, за Ројтерс изјавил дека Хамас не е подготвен да разговара за ослободување на уште израелски заложници додека Израел не ја прекине својата воена кампања во Газа и не се зголеми обемот на хуманитарна помош за палестинските цивили.

„Прашањето на затворениците може да се преговара откако ќе се постигнат овие две работи. Не можеме да зборуваме за преговори додека Израел продолжува со својата агресија. Разговарањето за секој предлог поврзан со затворениците мора да се случи по прекинот на агресијата“,

рекол Ноно во Каиро.

Хамас отфрла каква било понатамошна привремена пауза во воената кампања на Израел и вели дека ќе разговара само за траен прекин на огнот.

„Разговаравме со нашите браќа во Египет, истакнувајќи го нашиот став за оваа агресија и итната потреба да се запре како врвен приоритет“,

додал тој.

Од друга страна Израел инсистира сите преостанати жени и изнемоштени мажи меѓу заложниците да бидат ослободени, рекол изворот брифиран за преговорите, кој инсистирал на анонимност. Според изворите на Ројтерсм, Палестинците осудени за сериозни престапи би можеле да бидат на списокот на затвореници што треба да ги ослободи Израел.

Израел пред повеќе од 10 недели ја започна својата воена кампања во Појасот Газа, со цел, како што вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, целосно уништување на Хамас откако нејизните милитанти извршија напад на територијата на Израел. При нападот, според Израел, тие убија 1 200 луѓе и зедоа околу 240 заложници.

По ова Израел почна со масовни воздушни и копнени воени операции во Газа, во кои, како што соопшшти вчера Министерството за здравство во енклавата, кое е под контрола на Хамас, досега се убиени најмалку 20 000 Палестинци, а се верува дека телата на уште неколку илјади се сè уште заробени под урнатините на уништените објекти.

Меѓународните хуманитарни групи велат дека 2,3 милиони луѓе во Газа се доведени до работ на катастрофа поради големото ниво на уништување, протерувањето на голем број луѓе од нивните домови и големиот недостаток на храна, чиста вода и медицинска нега.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера рече оти не очекува наскоро да биде постигнат втор договор за ослободување и размена на заложни и затвореници меѓу Израел и Хамас, иако во изјавата за новинарите додаде: „Ние притискаме“.

Денеска се очекува и гласањето на Советот за безбедност на Обединетите нации за нацрт- резолуцијата со која се повикува на прекин на бробите во Газа, кое неколкупати беше одложувано. Формулациите во текстот на резолуцијата се предмет на тензични дипломатски преговори за да се избегне уште едно американско вето, а како што пишува Би-би-си главниот прблем е околу инспекцијата и надгледувањето на хуманитарната помош што влегува во Газа.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерката за култура бара веднаш да се свика Комисијата за култура и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик

Следно

Северна Кореја се заканува со нуклеарен напад доколку биде испровоцирана со нуклеарно оружје

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop