САД почнаа да и бројат време на Украина

February 15, 2023
1 min read

На страна ветувањата за поддршка на Украина без разлика колку време ќе трае војната, луѓето од Белата куќа порачуваат дека последните мега пакети на помош од САД и сојузниците, „се најдобрата шанса на Киев одлучно да го промени текот на војната.“

Моменталната реалност е дека голем дел од републиканците во Претставничкиот дом се за намалување на поддршката, а луѓето од Белата куќа не се баш уверени во долгорочната подготвеност на Европа да ја финансира војната.

„Ќе продолжиме да се обидуваме да ги убедиме дека не можеме да правиме сè и сешто засекогаш,“ изјавил еден од американските функционери за Пост, дополнувајќи дека администрацијата има „многу силен став“ дека ќе биде тешко во иднина од Конгресот да се обезбеди истото ниво на безбедносна и економска помош.

Пораките од Вашингтон доаѓаат во време кога украинската контра-офанзива целосно издиша и двете страни се заглавени во безмилосно трошење човечки животи околу Бахмут.

Моментално администрацијата на Бајден работи на тоа Конгресот да одобри дополнителни 10 милијарди долари буџетска помош на Киев, а следната недела се очекува да биде објавен уште еден голем пакет воена помош.

„Критичната природа на следните неколку месеци веќе му е најдиректно пренесена на Киев од највисоките функционери на Бајден – вклучително заменикот советник за национална безбедност, Џон Фајнер, заменикот државен секретар, Венди Шерман и потсекретарот за одбрана, Колин Кол, кои минатиот месец ја посетија Украина,“ пишува Пост.

Во исто време со пораките, дел од аналитичарите сметаат дека ни во следните месеци, без разлика на најавените офанзиви, ниту Русија, ниту Украина е веројатно дека ќе постигнат одлучувачка воена предност. Нивните процени се дека и двете страни играат на долга војна.

Последниот пакет воена помош од САД, од 45 милијарди долари, се очекува да ѝ трае на Украина некаде до почетокот на летово.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Народен театар Охрид ја започнува новата сезона со „Енергични луѓе“

Следно

Чавушоглу: „Ерменија подаде рака на пријателство во ова тешко време и покажа солидарност“

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop