САД по повод 30 години од Дејтонскиот договор: Поддршка на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на БиХ

May 24, 2025
1 min read

САД го поддржуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Босна и Херцеговина (БиХ), истакнал американскиот заменик-државниот секретар Кристофер Ландау на средба со членовите на Претседателството на БиХ, одржана синоќа во Дејтон, Охајо.

Ландау нагласил дека секоја форма на нарушување на безбедноста и стабилноста на Босна и Херцеговина е неприфатлива за САД, кои остануваат цврсто посветени на доследно почитување на Дејтонскиот мировен договор и континуирана поддршка за БиХ, пренесува Бета. 

Хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, по состанокот изјави дека разговорот бил отворен, конкретен и пријателски.

– Беше нагласена непоколебливата поддршка на САД за суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Босна и Херцеговина и дека Вашингтон останува силен партнер за нашата земја на нејзиниот евроатлантски пат, рече Комшиќ.

Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Бечировиќ, ја истакнал важноста на континуираната децениска поддршка на САД за БиХ, соопшти неговата канцеларија.

Тој нагласил дека американското лидерство е од клучно значење за воспоставувањето мир, како и за повоената изградба на државата и нејзините институции, за што граѓаните на БиХ се вечно благодарни.

– Улогата на Соединетите Американски Држави е сè уште клучна денес, како за одржување на безбедна и стабилна средина, така и за поддршка на реформските процеси и демократскиот развој на Босна и Херцеговина, вели Бечировиќ.

За време на разговорите со заменик-државниот секретар на САД, тој предупредил на „опасните и деструктивни активности на политичкото раководство на босанскиот ентитет Република Српска“, кои, како што посочил, „резултираа со најголема безбедносна криза од потпишувањето на Дејтонскиот договор“. Бечировиќ предупредли дека „таквите активности сериозно го загрозуваат Дејтонскиот договор и претставуваат опасна закана за мирот и безбедноста во Босна и Херцеговина, но и за целиот регион“. Ја истакнал и важноста на натамошното зајакнување на трансатлантското партнерство, кое е од исклучително значење за интензивирање на евроатлантската интеграција и приближување на Босна и Херцеговина кон членство во НАТО.

На средбата со Ландау присуствувале сите тројца членови на Претседателството на БиХ, српската претставничка и претседателка на Претседателството Жељка Цвијановиќ, како и Комшиќ и Беќировиќ. Тие престојуваат во Дејтон за да ја одбележат 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.

Во посебна изјава, Цвијановиќ ја поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп, која ја повторил и заменик-државниот секретар Ландау, дека САД повеќе нема да учествуваат во градењето на нации и мешање во внатрешните работи на други земји.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

Следно

Силјановска – Давкова положи венец пред спомен плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим

Latest from Blog

Танкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец

Повикувајќи се на неименуван американски функционер, „Волстрит џурнал“ објави дека корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран отворил оган врз два комерцијални брода во близина на теснецот. „Аксиос“, објави дека Иран испукал

Прилеп подготвен за спектакл: Проданоски најави незаборавен „Пиво фестивал 2026“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека подготовките за „Пиво фестивал 2026“ се во завршна фаза и дека градот е целосно подготвен да биде домаќин на една од најголемите летни манифестации во

Македонско друштво “Илинден“-Тирана: Одземањето на правото на глас на Македонците надвор од Македонија е неприфатливо

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците

Солзите на Роналдо: Крај на сите надежи дека ќе се оствари најголемиот сон! (ФОТО)

ФОТО:printscreen За да бидеш најдобар на сите времиња, секако дека треба да освоиш и светска титула со својата репрезентација. Тоа го имаат Пеле, Марадона, Меси, но не Кристијано Роналдо. Ова е “Последниот
Go toTop