САД: Одлуката на Русија да се повлече од Договорот за жито е неодговорна и опасна

July 18, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Соединетите Американски Држави соопштија дека одлуката на Русија да се повлече од Договорот за пренос на жито преку Црно Море е „неодговорна и опасна“, додавајќи дека тоа „ќе го зголеми недостигот на храна и ќе им наштети на милиони ранливи луѓе низ светот“, пренесува Анадолу.

„Иницијативата за црноморско жито беше клучна во намалувањето на (глобалната) цена на храната, која се зголеми како резултат на руската брутална и непровоцирана инвазија на Украина“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

Кирби рече дека „одлуката на Русија да продолжи со ефективна блокада на пристаништата во Украина и да го спречи ова жито да стигне до пазарите ќе им наштети на луѓето низ светот“.

„Русија ќе биде целосно и единствено одговорна за последиците од овој воен чин на агресија. Веќе гледаме скок на глобалните цени на пченицата, пченката и сојата како резултат на суспензијата на Русија. Ја повикуваме руската Влада веднаш да ја повлече својата одлука“, додаде Кирби.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека Договорот за коридорот за жито е завршен и дека е стопиран.

„Русија веднаш ќе се врати на Договорот за жито штом ќе бидат прифатени релевантните услови. Делот од Договорот во врска со Русија не е исполнет“, рече Песков.

Русија бараше отстранување на пречките за рускиот извоз на ѓубрива, со цел да се согласи на уште едно продолжување на Договорот за жито, вклучително и вклучување на државната Руска земјоделска банка во меѓународниот платен систем СВИФТ.

Туркије, ОН, Русија и Украина на 22 јули 2022 година потпишаа Договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црно Море што беа блокирани од војната меѓу Русија и Украина. Оттогаш Договорот неколку пати беше обновен, а на 18 мај беше продолжен за уште два месеца.

Москва ги повлече и безбедносните гаранции за пловидба во северозападниот дел на Црно Море.

Според податоците на ОН, благодарение на овој Договор е обезбеден безбеден премин на повеќе од 32 милиона тони храна од украинските пристаништа.

Светската програма за храна испорача повеќе од 725.000 тони за поддршка на хуманитарни операции, намалувајќи ја гладта ​​во некои од најтешко погодените области во светот, вклучително Авганистан, Африкански Рог и Јемен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нападот на Кримскиот мост го сруши договорот за жито?

Следно

Детето напаѓач од „Рибникар“ сведочи во постапката за неговиот татко

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,

Наместо 10 денари, дизелот би требало да поскапи околу 3 денари – Се намалува ДДВ-то за горива од 18% на 10%

Извршната власт подготвува интервентни мерки за да ги заштити граѓаните од најавениот драстичен скок на цените на горивата на светските берзи. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, без владина реакција, бензините би
Go toTop