САД не планираат да ги повлечат трупите од Ирак

January 9, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – По изјавите на ирачките официјални претставници дека „присуството на коалициските сили предводени од САД во земјата ќе биде прекинато“, се огласи Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (Пентагон) со порака дека не планира да ги повлече своите трупи од таа земја, јавува Анадолу.

Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер, одговараше на прашања на новинарите на дневната прес-конференција.

„Не сум запознат со никакви планови (за повлекување) во овој момент“, рече Рајдер, додавајќи дека остануваат фокусирани на мисиите на заедничката оперативна група „Непоколеблива решителност“, која беше формирана како дел од борбата против ДЕАШ.

Рајдер истакна дека во регионот дејствуваат на покана на ирачката Влада.

Абу Таква ал-Саиди, еден од водачите на Движењето Нуџеба, шиитска милиција поврзана со единиците Хашд ал-Шааб, блиски до Иран, убиен е во американски воздушен напад во Багдад на 4 јануари.

Ирачката Влада смета дека за нападот е одговорна коалицијата против терористичката организација ДЕАШ предводена од САД.

Ирачкиот премиер Мухамед Шија ал-Судани, во својата изјава на 5 јануари, го осуди американскиот напад врз седиштето на Хашд ал Шааби во Багдад и рече: „Како Влада, ние сме во процес на формирање билатерална комисија за целосно ставање крај на постоењето на коалициските сили.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчкиот премиер утре ќе се изјасни: СИРИЗА достави предлог-закон за истополовите бракови

Следно

Некој нема да лета – директорите или авионите

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop