САД не гледаат акти на геноцид во Газа, соопшти Стејт департментот

January 4, 2024
1 min read

Во поднесокот на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата се наведува дека Израел ја прекршил Конвенцијата за геноцид од 1948 година, што беше составена по холокаустот, а се однесува на обидот за уништување на народ целосно или делумно

САД не забележаа дела што би претставувале геноцид во Газа, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во врска со барањето на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата (МСП) акциите на Израел во Појасот Газа да ги прогласи за геноцид.

„Ова не се обвинувања што треба така лесно да се изнесуваат. Не гледаме никакви акти што претставуваат геноцид“,

рече Милер.

Портпаролот на Стејт департментот, исто така, кажа дека не е во позиција да процени дали во палестинската енклава биле извршени воени злосторства или злосторства против човештвото, пренесуваат британските медиуми.

Во поднесокот на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата се наведува дека Израел ја прекршил Конвенцијата за геноцид од 1948 година, што беше составена по холокаустот, а се однесува на обидот за уништување на народ целосно или делумно. Јужна Африка бара од МПС да издаде привремени мерки со кои на Израел ќе му се наложи да ги прекине своите воени активности во Газа, за кои се наведува дека се неопходни за да се спречи сериозна и непоправлива штета на правата на палестинскиот народ.

ЈАР со децении ја поддржува палестинската борба за државност во областите окупирани од Израел, поистоветувајќи ја позицијата на Палестинците со позицијата на црнечкото мнозинство во Јужноафриканската Република за време на апартхејдот, нешто што Израел жестоко го негира.

Судот закажа јавни сослушувања за ова прашање за 11 и 12 јануари, додека Израел истакна дека ќе се брани од сите обвиненија, тврдејќи дека се придржува до меѓународното право во својата војна во Газа.

Од 7 октомври во Газа се убиени над 22 000 Палестинци, а 2,3 милиони жители на енклавата се соочуваат со хуманитарна катастрофа, пишуваат британските медиуми.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Викторија Лоба, ДНК, Марјан Коцев и Анета „Молика“ вечерва ќе ги забавуваат скопјани

Следно

Д-р Беќаровски за загадувањето и вирусите: Затоа сѐ почесто одиме на погреби, отколку на мекици

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop