САД: Над 200 демонстранти од Капитол ослободени од затвор по помилувањето од Трамп

January 22, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Над 200 луѓе што учествуваа во упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година се ослободени од затвор откако претседателот Доналд Трамп помилува над 1.500 луѓе, јавува Анадолу.

Федералното биро за затвори соопшти дека 211 лица биле ослободени од федералните казнени установи откако Трамп во понеделникот потпиша извршна наредба за помилување на сите обвинети во случаите со безредијата.

Опсежното помилување на Трамп, меѓу кое и на поединци што нападнаа полицајци, предизвика критики кај демократите и некои републиканци.

Чак Шумер, лидер на малцинството во Сенатот, е меѓу пратениците што го критикуваа Трамп, велејќи дека потегот е „неамерикански“.

„Да бидеме јасни. Претседателот Трамп не ги помилува само демонстрантите. Тој помилува и луѓе осудени за напад на полицајци и заговор за бунт.“

„Тоа е предавство од највисок ред на нашите полицајци од Капитол што ги ризикуваа своите животи за да нѐ чуваат безбедни“, рече демократот.

Републиканецот Џери Моран истакна дека е „погрешно“ да се помилуваат оние што се осудени за кривични дела за насилство, особено кога многу од жртвите на нивното насилство биле службеници за спроведување на законот.

Но Трамп ја бранеше својата одлука, велејќи дека овие луѓе лежале години в затвор и дека нивните животи се „уништени“.

„Но можам да го кажам ова. Убијците денес не се ни обвинети. Имате убијци што не се обвинети.“

„Овие луѓе веќе лежеа години затвор и тие го одлежаа своето. Тоа е одвратен затвор. Тоа е ужасно. Тоа е нехумано“, изјави тој за новинарите.

Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом, денес рече дека претседателот има овластување за помилувања и промена на казна.

„Претседателот ја донесе својата одлука… Ние веруваме во покајување; веруваме во втори шанси и сето тоа зависи од вас“, им рече Џонсон на новинарите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стаменкоска Трајкоска одликувана со орден „Витез од редот на академски палми”

Следно

Бројот на загинати во вчерашниот пожар во хотелот во Туркије порасна на 79

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop