САД ќе се обидат што побргу да ги најдат сите важни делови од соборениот кинески балон

February 5, 2023
1 min read

Американската војска соопшти дека ќе се обиде брзо да ги пронајде клучните елементи на кинескиот шпионски балон меѓу остатоците во близина на брегот на Јужна Каролина, откако беше соборен од борбен авион Ф-22.

„Потрагата е во тек. Колку време ќе потрае останува да се утврди“, изјави за новинарите висок претставник на американската одбрана, додавајќи дека остатоците се во релативно плитки води.

Висок воен функционер рече дека очекува дека повторното составување на балонот нема да трае со недели или месеци, туку ќе биде релативно брзо.

Безбедносните експерти рекоа дека кинескиот лет на наводно набљудувачкиот балон над Соединетите држави се чини дека сигнализира поагресивна тактика за шпионажа отколку потпирање на сателити и крадење индустриски и одбранбени тајни.

И Соединетите Американски Држави и Кина со децении користат сателити за набљудување за да се следат едни со други од воздух.

„На некој начин, тоа е повеќе аматерски“, рече поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон. „Дали камерите на нивните сателити немаат доволно висока резолуција за да мора да испратат балон?

Вестите околу балонот доаѓаат додека Кина ги зајакнува своите воени способности и го предизвикуваат американското воено присуство во Пацификот. Соединетите Држави исто така веруваат дека Пекинг се обидува да добие комерцијални информации и да земе информации од американските компании.

Кина соопшти дека балонот имал цивилна, метеоролошка и научна намена и залутал во воздушниот простор на САД, обвинувајќи ги американските политичари и медиумите дека ја искористуваат ситуацијата за да ја дискредитираат Кина.

Претходно тие ги отфрлија обвинувањата за шпионажа и оценија дека САД имаат менталитет на Студената војна и ја засилуваат кинеската закана.

Балонот откриен оваа недела изгледаше намерно провокативен, рече Дин Ченг, виш советник на кинеската програма во Американскиот институт за мир.

Мајк Раунд, републикански член на Комитетот за вооружени служби на американскиот Сенат, изјави за Фокс њуз дека би било добра идеја повторно да се состави балонот за да се види „дали навистина имал намера да собира податоци или да ги тестира нашите способности за одговор“.

Ендрју Антонио, ко-основач на стартапот за балони за високи височини, Urban Sky, рече дека струите на ветерот од кои зависат балоните на голема височина за да се движат на долги патувања се најмалку поволни во зима, што укажува на тоа дека намерите на Кина можеби не биле да таргетираат конкретно место во Соединетите држави.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мирно и достоинствено одбележана 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот со прославата на Делчев, покажува системска неспособност и дека со Ковачевски и Ахмети државата се распаѓа

Latest from Blog

Додик поканет на молитвениот појадок во Вашингтон

Неформалниот лидер на Република Српска, Милорад Додик, е поканет на молитвениот појадок организиран од американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон на почетокот на февруари, само три месеци откако беа укинати санкциите под

Сари: Играчите на Лацио си заминуваат поради недостиг на амбиции!

ФОТО: S.S. Lazio/FB Маурицио Сари испрати дополнителни пораки до претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, велејќи дека играчите „заминуваат затоа што не гледаат амбиција во клубот“ и дека навивачите треба да се навикнат

Спектакл и шок за Арсенал: Солзи на “Емирејтс“, овој Јунајтед е некој друг, фантастичен Јунајтед!

ФОТО:facebook.com/manchesterunited/ Уф, каков спектакл на “Емирејтс“? Ова го може само во Премиерлигата. Супер – дербито меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед заврши со триумф на гостите од 2:3. Ете тоа е ефектот наречен

Oбилни дождови и високи температури: Какво време најавуваат од УХМР за следните денови?

Претежно облачно време ќе преовладува денеска низ земјава, со повремени локални врнежи од дожд, најизразени во северозападните и југоисточните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе бидат во форма на слаб снег.
Go toTop