САД ќе продолжат да ја сметаат Северна Кореја за одговорна за „поддршката“ на Русија во Украина

September 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека ќе продолжат да бараат одговорност од Северна Кореја за нејзината „поддршка“ на Русија во војната во Украина, јавува Анадолу.

„Ќе продолжиме да преземаме активности за сметањето на Русија за одговорна за нејзините акции во Украина, како и да ја сметаме Северна Кореја одговорна за поддршката на таа војна“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, на прес-конференцијата вчера.

Милер рече дека тие веќе го забележале „влијанието врз Украина на поддржувањето на војната од страна на Северна Кореја“ во врска со трансферот на оружјето на бојното поле.

Се вели дека односите меѓу двете земји се подобриле откако Москва ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година. Исто така, постои зголемена загриженост дека Пјонгјанг ѝ обезбедува оружје на Русија.

Во јуни рускиот претседател Владимир Путин, првпат по 24 години, го посети Пјонгјанг, а двете земји потпишаа договор за „стратегиско партнерство“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун престојуваше во посета на Русија во септември минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова на средба со директорот на Европската организација за јавно право

Следно

Арина Сабаленка по осми пат ќе игра во полуфинале на Грем Слем турнир

Latest from Blog

В недела избори во Шпанија. Десницата води во анкетите, Санчез верува во победа

Пред изборите во Шпанија во недела, лидерите на главните партии ги одржаа последните предизборни митинзи. Социјалистичкиот премиер Педро Санчез рече дека е уверен дека ќе им пркоси на предвидувањата на анкетите, додека

Мистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)

Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда. Досега нема апсења Објавените фотографии ги прикажуваат необичните

СЗО предупредува на можно враќање на сипаниците

  Светската здравствена организација (СЗО) во петокот предупреди на можноста за повторно појавување на мали сипаници поради слабеење на имунитетот на населението и ниски стапки на вакцинација, и покрај значителното намалување на
Go toTop