САД ја укинуваат обврската за КОВИД-вакцина за меѓународните патници

May 2, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – САД објавија дека од следната недела ќе биде укинато задолжителното вакцинирање против КОВИД-19 за меѓународните патници што патуваат со авион, известува Анадолу.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека одлуката за задолжително вакцинирање против епидемијата на КОВИД-19, која е донесена во 2021 година, ќе престане да важи на 11 мај за сојузните службеници и меѓународните патници што патуваат со авиопревозници.

Се потсетува дека Министерството за здравство и социјална заштита и Министерството за внатрешна безбедност на САД започнале и процес на укинување на обврската за вакцинирање во училиштата, здравствените установи и за неамериканските граѓани што доаѓаат преку копнените граници, а детални информации ќе бидат објавени наредните денови.

Претседателот на САД, Џо Бајден, потпиша Закон за укинување на „Декларацијата за вонредна состојба“ на 11 април, но Врховниот суд на САД одлучи овој процес да го заврши на 11 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судскиот совет повторно ја одложи седницата за избор на нов претседател

Следно

Државниот архив со историски публикации на 35. Саем на книгата

Latest from Blog

Славен пејач падна од бината среде настап- го поддржа Џенифер Лопез (ВИДЕО)

Инцидентот се случи само два месеци пред неговиот долгоочекуван и контроверзен настап на полувремето на Супербоул. Несреќа среде настапот Раперот, чие вистинско име е Бенито Окасио (31), бил среде изведувањето на својот

Омерагиќ најавува предлог за нов селектор до 25 декември

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, изјави Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На состанокот беа разменети размислувања за профилот
Go toTop