САД ја одобрија првата пилула за контрацепција без рецепт

July 14, 2023
1 min read

Најчестите несакани ефекти на „опил“ вклучуваат неправилно крварење, главоболки, вртоглавица и гадење. САД им се придружуваат на повеќе од 100 земји ширум светот кои дозволија апчињата слободно да се продаваат, вклучувајќи ги повеќето земји во Латинска Америка, како и Индија, Кина и Велика Британија

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) во четвртокот објави дека апчињата за контрацепција „опил“ ќе бидат достапни без рецепт за жени од сите возрасти. Агенцијата во соопштението наведе дека одобрувањето на првата таблета без рецепт на американскиот пазар ќе помогне да се олеснат бариерите за жените да пристапат кон контрацепција, пренесе Би-би-си.

Производителот на „опил“ рече дека најверојатно ќе биде достапен во слободна продажба на почетокот на 2024 година, но цената сè уште не е позната. Лекарите велат дека таблетата само со прогестин, често позната како „мини пилула“, е побезбедна форма на контрола на раѓањето бидејќи не содржи естроген, што значи дека има помалку несакани ефекти и здравствени ризици.

Најчестите несакани ефекти на „опил“ вклучуваат неправилно крварење, главоболки, вртоглавица и гадење. САД им се придружуваат на повеќе од 100 земји ширум светот кои дозволија апчињата слободно да се продаваат, вклучувајќи ги повеќето земји во Латинска Америка, како и Индија, Кина и Велика Британија.

„Кога се користи како што е наведено во упатството, дневната орална контрацепција е безбедна и се очекува да биде поефикасна од моментално достапните контрацептивни методи без рецепт за спречување на несакана бременост“,

рече д-р Патриција Кавацони, директорка на Центарот за евалуација и истражување на лекови при ФДА.

Одобрувањето доаѓа откако експертскиот советодавен одбор на ФДА во мај едногласно ја изгласа препораката пилулата да може да се пушти во слободн продажба. Некои научници изразија загриженост околу тоа дали младите жени и оние со ограничена писменост можат да ги разберат упатствата, вклучително и да не ја земаат таблетата ако имале рак на дојка.

Но, членовите на комисијата заклучија дека жените со рак на дојка се во контакт со своите лекари и се свесни дека не треба да земаат хормонална контрацепција.

Експертите велат дека жените, особено тинејџерките, се соочуваат со бројни бариери за пристап до услугите за репродуктивно здравје, вклучително и недостиг на здравствено осигурување и тешкотии при наоѓање превоз за да одат на преглед кај лекар.

Жените, исто така, понекогаш се соочуваат со стигма и срам кога се обидуваат да ја добијат пилулата, додаваат експертите. Во САД, некои студии открија дека речиси половина од бременостите се непланирани.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Западен Брег: Петмина Палестинци се повредени во нападите на еврејските доселеници

Следно

Јапонската ракета експлодира за време на пробното истрелување

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop