САД ја одобрија продажбата на системот за воздушна одбрана за Украина во вредност од 285 милиони долари

May 25, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американската администрација ја одобри продажбата на Националниот напреден ракетен систем од копно до воздух (NASAMS) во вредност од 285 милиони долари за Украина, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Агенцијата за одбранбена безбедност и соработка на Пентагон (DSCA) се вели дека вклучувајќи го и системот NASAMS, Украина ќе добие радар од типот „lAN/MPQ-64FI Sentinel“, ГПС-систем, Центар за управување со пожари, систем за лансирање на проектили и друга теренска опрема во вредност од 285 милиони долари.

Во ова соопштение се наведува дека до Конгресот е испратено известување во врска со одобрувањето на продажбата.

Според соопштението, благодарение на оваа продажба, ќе се поддржи безбедноста на земјата со која е формирано партнерство за да се обезбеди политичка стабилност во Европа, а одлуката е „во согласност со целите на американската надворешна политика и национална безбедност“.

„Украина треба да го зголеми одбранбениот капацитет против ракетните напади од Русија“, се истакнува во соопштението, и се додава дека постигнувањето на овој капацитет од страна на Украина и неговата ефективна употреба ќе помогне да се заштити критичната инфраструктура во земјата.

Инаку, од почетокот на руско-украинската војна, САД ѝ помагаат на украинската војска на два начина, имено со Иницијативата за безбедносна помош на Украина и со повлекувањето на оружјето од американскиот воен инвентар под надлежност на претседателот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈА КОРИСТЕШЕ ТРАУМАТА ЗА ДА ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ – ЅВЕЗДИТЕ СЕ ЗБОГУВААТ СО РОК КРАЛИЦАТА ТИНА ТАРНЕР

Следно

Австрија ќе ја претвори куќата во која е роден Хитлер во центар за обука за човекови права

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop