САД и Русија пред тет- а-тет средба на Трамп и Путин

March 14, 2025
1 min read

Владимир Путин ја прифаќа идејата за примирје во украина но оекува конкретни одгвори на прашањата како тоа ќе се одвива. За рускиот претседател прифатлива е опцијата за 30-дневно примирје, но само ако прекинот на огнот доведе до траен мир и ги отстрани основните причини кои доведа до почеток на војната.

Според руските медиуми, Овие барања вклучуваат забрана за членството на Украина во НАТО, да не се дозволи распоредувањето на странски војници во Украина и меѓународно признавање на Крим и четирите украински региони кои ги анексираше Русија како нивни територии. По состанокот со специјлниот американски пратеник Стив Виткоф, од Кремљ најавија дека ќе има средба меѓу Путин и Трамп но дека се ушетее рано дасе каже кога  и каде таа би можела да се случи.

„Постои претпазлив оптимизам околу предлогот за примирје. Има уште многу работи што треба да се направат, но Путин изрази солидарност со позицијата на Трамп.“ – Дмитри Песков портпарол на Кремљ.

И покрај тоа што прифатија 30 дневно примирје, од Киев велат дека остануваат на своите црвени линии. На состанокот со американската делегација во саудискиот град Џеда, ставиле до знаење дека нема да се согласат земјата да се откаже од членството во НАТО како дел од потенцијалниот мировен договор со Русија.

Во меѓувреме, Володимир Зеленски ја обвини Русија дека манипулира со одговорот на американскиот предлог за прекин на огнот, порачувајќи дека Путин само глуми дека го прифаќа, додека всушност се подготвува да го одбие предлогот. Претхоно и Доналд Трамп, истакна дека одговорот на Путин е „ветувачки“, но и „нецелосен“.

„Затоа во Москва ја опкружуваат идејата за прекин на огнот со такви услови што или ќе пропадне или ќе се одолговлекува што е можно подолго. Путин често го прави тоа тој не вели целосно „не“, но ги комплицира работите и ги прави разумните решенија невозможни“. – Володимир Зеленски претседател на Украина.

За Белорусија пак судбината на Европа и Украина зависат од одлуката на Русија дали сака да постигне договор со САД..Според Александар Лукашенко, ако Белорусија мора да бира, таа секогаш ќе застане на страна на Москва.

Русија првпат ја нападна Украина во 2014 година кога го анектираше полуостровот Крим а целосна офанзива почна во 2022 година. Пред три години, Путин побара на Украина никогаш да не и биде дозволено да влезе во НАТО а блокот да се врати на истите позиции што ги имаше пред распадот на советскиот сојуз, барања кои САД и нивните сојузници веднаш ги отфрлија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Медарите од охридскиот регион се жалат на нелојална конкуренција

Следно

Судот ја прифати жалбата на ОЈО ГОКК и Асмир Јахоски Пуцко Петрол е спроведен во притвор

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и
Go toTop