САД и Иран не постигнаа мировен договор по 21 час преговори во Пакистан

April 12, 2026
2 mins read

Според него, американската делегација ги напушта разговорите поради суштински несогласувања, бидејќи Иран не ги прифатил условите поставени од Вашингтон, вклучително и откажувањето од производство на нуклеарно оружје.

– Лошата вест е што не постигнавме договор и мислам дека тоа е многу полоша вест за Иран отколку за Соединетите Американски Држави –  изјави Венс. – Се враќаме во САД без договор. Кажавме многу јасно кои се нашите црвени линии. Тој додаде дека во текот на преговорите разговарал шест пати со претседателот Доналд Трамп.

Прекумерните барања од страна на САД го спречија постигнувањето на заедничка рамка и договор, соопшти полуофицијалната иранска информативна агенција Тасним.

Според иранските медиуми, преговорите во Пакистан завршиле без договор. Средбите во Исламабад беа први директни меѓу САД и Иран по повеќе од една деценија и највисоко ниво на контакти по Исламската револуција во 1979 година. Исходот од нив се смета за клучен за иднината на кревкото двонеделно примирје и за евентуалното отворање на Ормуската Теснина – рута преку која минуваат околу 20 отсто од светските енергетски залихи и која Иран ја блокираше по почетокот на конфликтот. Војната доведе до нагло поскапување на нафтата и илјадници жртви.

Иранската влада, претходно, соопшти во објава на „Икс“ дека разговорите се завршени, а технички експерти од двете страни ќе разменуваат документи. „Преговорите ќе продолжат и покрај некои преостанати разлики“, се наведува во соопштението, без да се прецизира кога ќе бидат обновени.

Според извор од посредникот Пакистан, Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер одржале двочасовна средба со претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф и министерот за надворешни работи Абас Аракчи.

Иранската делегација пристигна во петокот облечена во црно во знак на жалост за покојниот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи и загинатите во војната. Податоците на иранската влада велат дека учесниците носеле обувки и торби на ученици загинати при американски воздушен напад врз училиште во близина на воен објект. Пентагон соопшти дека нападот се истражува, а според медиумски информации, воени истражители сметаат дека САД веројатно сносат одговорност. Пакистански извор изјави дека во текот на разговорите имало „промени во расположението“, при што тензијата се зголемувала и опаѓала во различни моменти. Поради преговорите, Исламабад беше под засилени мерки за безбедност со илјадници војници на улиците.

Ормуската Теснина е во центарот на спорот

Паралелно со преговорите, американската војска соопшти дека „подготвува услови“ за почеток на операции за разминирање на Ормуската Теснина. Според САД, два американски воени брода поминале низ теснината, додека иранските државни медиуми го демантираа тоа. Пред почетокот на разговорите, висок ирански извор тврдеше дека САД се согласиле да ги ослободат замрзнатите ирански средства во Катар, но американски претставник го демантираше тоа. Агенциите Тасним и Фарс јавија дека токму спорот за теснината го спречил напредокот, при што иранската делегација инсистирала на „зачувување на воените постигнувања“.

Кои се основните барања на САД и Иран

Клучен спорен момент е контролата врз Ормуската Теснина. Иран инсистира на контрола и воведување транзитни такси, додека САД бараат слободна и безбедна пловидба без такси. Вашингтон, исто така, бара Иран да предаде над 400 килограми високо збогатен уран, да ја прекине нуклеарната програма и да прифати ограничувања за балистичките ракети.

Техеран, пак, бара ослободување на замрзнатите средства, исплата на репарации за воените штети, укинување на сите санкции, гаранции за ненапаѓање и повлекување на американските сили од Блискиот Исток. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Има договор: Луис Енрике во ПСЖ до 2030!

Следно

Коњановски: Воскресението Христово нека внесе мир во секое семејство

Latest from Blog

Коњановски: Воскресението Христово нека внесе мир во секое семејство

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод најголемиот христијански празник – Велигден. Во својата порака, Коњановски им посака на сограѓаните добро здравје, радост и среќа, истакнувајќи дека

Има договор: Луис Енрике во ПСЖ до 2030!

Фото: ПСЖ Твитер Се чини дека има договор, дека Луис Енрике ќе потпише нов договор со ПСЖ. Неколку сигурни извори потврдија дека преговорите се при крај, дека договорот дури и не бил

Американски конгресмени го КРИТИКУВААТ МЕШАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА

Републикански членови на Конгресот испратија формално писмо до Урсула Фон Дер Лајен, остро критикувајќи го мешањето на Европската комисија во унгарскиот изборен процес. Како алатки за влијание, тие ги истакнуваат финансирањето водено

Проданоски со велигденска порака: Светлината на Воскресението нека донесе мир во секој дом

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток,
Go toTop