Има договор: Луис Енрике во ПСЖ до 2030!

April 12, 2026
1 min read
Фото: ПСЖ Твитер

Се чини дека има договор, дека Луис Енрике ќе потпише нов договор со ПСЖ. Неколку сигурни извори потврдија дека преговорите се при крај, дека договорот дури и не бил доведен во прашање и дека Луис Енрике треба да потпише нов договор пред крајот на тековната сезона.
Тековниот договор на шпанскиот тренер истекува во летото 2027 година, па ПСЖ сакаше навреме да спречи какви било понуди од други клубови.
Луис Енрике одамна е познат по тоа што е ценет во Премиер лигата, бидејќи во последните години беше поврзуван со голем број англиски клубови, иако никогаш не ја доведувал во прашање својата посветеност на ПСЖ.
Шпанецот досега беше многу задоволен од клубот, а сега чека продолжен договор, по што ќе стане еден од најплатените тренери во Европа.
Луис Енрике пристигна во ПСЖ во летото 2023 година и досега ги освои сите можни трофеи, а најважниот е во Лигата на шампионите минатата сезона. И сега е на добар пат да ја продолжи својата апсолутна доминација во Франција, но и повторно да го нападне трофејот од Лигата на шампионите.
ПСЖ не можеше да донесе подобра одлука од договор до 2030 година за еден од најдобрите тренери денес

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Maqedonia shënon rritjen e dytë më të lartë të çmimit të vezëve në Evropë përpara Pashkëve

Следно

САД и Иран не постигнаа мировен договор по 21 час преговори во Пакистан

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп е регионален лидер во циркуларната економија

Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание за општинско лидерство во циркуларната економија. Според градоначалникот Дејан Проданоски, меѓународното жири го избрало Прилеп за најуспешен во оваа категорија на

Коњановски: Со амбасадорката Гетцова разговаравме за збратимување со чешки град

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Македонија, Ирена Гетцова, на која разговарале за продлабочување на соработката во економијата и културата, како и за

Позитивен ден на Македонската берза: Раст кај Алкалоид, Макпетрол и Комерцијална банка

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,37 отсто, најголем промет со акциите на Алкалоид Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската
Go toTop