САД: ФЕД продолжуваат со зголемување на каматните стапки за намалување на инфлацијата

March 4, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Американските Федерални резерви (ФЕД) во својот извештај вчера наведоа дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи со цел да се намали високата стапка на инфлација, јавува Анадолу.

Иако Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) го забави зголемувањето на каматните стапки на состаноците во декември и јануари на 50 базични поени, односно 25 базични поени, FOMC укажа дека „очекува сегашните зголемувања во целниот опсег да бидат соодветни“ за да се врати инфлацијата на 2 отсто.

Во својот најтежок монетарен период во последните неколку децении, што вклучуваше четири последователни зголемувања на каматните стапки од 75 базични поени, Федералните резерви минатата година во седум наврати ги зголемија каматните стапки за вкупно 425 поени за да се изборат со рекордно високата инфлација која до средината на 2022 година се зголеми на највисоко ниво во последните 40 години.

ФЕД во извештајот наведува дека „се свесни дека високата инфлација наметнува значителни потешкотии, особено на оние што се најмалку способни да ги задоволат повисоките трошоци за основните прехранбени производи“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Марвел ги чува новите заплети како нуклеарни кодови

Следно

„Лајка“ од 6 до 10 март ќе лови кучиња во Општина Аеродром

Latest from Blog

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Денес градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средби со граѓаните од урбаните заедници Димитар Влахов, Ѓорги Наумов и Кочо Десано. Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни
Go toTop