САД: Едно лице загина, 23 се спасени од туристички рудник за злато во сојузната држава Колорадо

October 11, 2024
1 min read

ХЈУСТОН (АА) – Едно лице загина во туристички рудник за злато во американската сојузна држава Колорадо вчера по очигледна неисправност на лифтот, а во окното на рудникот оставени беа дваесетина луѓе заглавени 304 метри под земја, пренесува Анадолу.

Туристите кои беа од други држави, се спуштија во рудникот Моли Кетлин во Крипл Крик, на околу 183 километри јужно од Денвер, кога опремата на лифтот престана да работи, заглавувајќи ги на дното на окното на рудникот.

Смртта на едното лице „беше трагична несреќа“, изјави за новинарите шерифот на округот Телер Џејсон Микесел на прес-конференција.

„Несреќи се случуваат кога се работи со ваква машинерија“, рече Мајксел за дефектот на лифтот.

Останатите 23 лица блокирани во рудникот беа спасени од екипи за итни случаи, а неколку од посетителите се пожалија дека претрпеле полесни повреди, вклучително и болки во вратот и грбот. Одделот на шерифот сѐ уште не ја откри причината за смртта на лицето.

Мајксел рече дека неговиот оддел ќе спроведе целосна истрага за да открие што точно се случило. Во моментов работат на контактирање на семејството на починатото лице за да го известат за несреќата.

Првично, 11 лица, меѓу кои и две деца, се спасени од околу половина пат низ окното на рудникот, на околу 152 метри. Другите 12 лица останаа заглавени на дното додека спасувачките екипи не се вратија по нив околу шест часа подоцна. Тие добија пица, вода и ќебиња и цело време беа во комуникација со одговорните додека не беа извадени од дното на рудникот, според официјалните лица за итни случаи.

Останатите 12 „беа извлечени многу безбедно“, рече Мајксел.

Последен пат ваков инцидент се случил пред речиси 40 години, во 1986 година, според официјалните лица за итни случаи. Неколку луѓе останаа заробени, а потоа спасени од окното на рудникот, но во таа ситуација никој не загина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Следно

Јаник Синер до крајот на годината ќе остане светски рекет број еден

Latest from Blog

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер

Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата.

Животниот век во Македонија е за пет години пократок од ЕУ

Разликата во квалитетот на животот меѓу Македонија и Европската унија сè појасно се отсликува преку еден од најважните показатели – очекуваниот животен век. Најновите податоци покажуваат дека граѓаните во земјава живеат речиси
Go toTop