САД: Драматичен пораст на антисемитизмот во 2022 година

March 24, 2023
1 min read

ХЈУСТОН (АА) – Порастот на случаите на антисемитизам во Соединетите Американски Држави (САД) достигна највисоко ниво во 2022 година, објави Лигата за борба против негирање и клевета (ADL), една од важните еврејски организации во САД, пренесува Анадолу.

Во соопштението на АДЛ беше објавено дека во земјата во 2022 година биле забележани дури 3.697 случаи на антисемитизам.

Податоците покажуваат зголемување од 36 отсто на антисемитските инциденти од 2021 година, што е највисока стапка од 1979 година, кога АДЛ почна да води евиденција.

Најголем број инциденти на антисемитизам се забележани во Њујорк, каде што се регистрирани 580 случаи. По Њујорк следуваат Калифорнија со 518 случаи, Њу Џерси (408), Флорида (269) и Тексас (211).

„Длабоко сме вознемирени од ова драматично и целосно неприфатливо зголемување на антисемитските инциденти“, рече Џонатан Гринблат, извршен директор на АДЛ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Инспектори се во битолската болница, директорот е на пат за Скопје да реферира за случајот со шестгодишната Јана

Следно

Почна со работа Нега Центарот во Кисела Вода, услугата ќе биде достапна за околу 40 корисници

Latest from Blog

УМС Пробиштип ја продолжи традицијата со турнир во мал фудбал за 8 Септември

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, во Пробиштип се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал, за кој Унијата на млади сили – Пробиштип одржува континуитет од 2016

Исповед на несреќен маж„Половиот орган ми е како лименка и тоа ми го уништи животот. Жената побегна од мене“

„Кога растеш низ тинејџерските години, те уверуваат дека ако имаш голем полов орган, автоматски ќе бидеш успешен кај жените – а тоа е лага. Имав една сериозна врска, но таа жена секојпат

Бизонот Тајфун успешно вратен во Националниот парк Фрушка гора

Бегството на бизонот Тајфун од Националниот парк Фрушка гора заврши успешно – животното е пронајдено и вратено во својот ограден дел. Од управата на паркот информираа дека пожарникарите и надлежните служби континуирано
Go toTop