САД бараат од Белград безусловно ослободување на уапсените косовски полицајци 

June 15, 2023
2 mins read

Портпаролот на американскиот Стејт департмент на прес-конференција навел дека САД остануваат ангажирани по ова прашање и оти се во директен контакт со двете страни (Србија и Косово), како и со американските партнери во регионот. САД очекуваат, рекол тој, двете страни да преземат итни чекори за намалување на тензиите и спроведување на планот на ЕУ

Косово и Србија мораат да преземат итни чекори за деескалација на тензиите, што вклучува и безусловно ослободување на тројцата уапсени косовски полицајци, соопштил на прес-конференција портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер, пренесува Н1.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер/Фото: Принтскрин

„Сметаме дека двете страни треба да го спроведат планот од три точки на Европската унија без одлагање. Како дел од ова, премиерот (на Косово) Албин Курти и неговата влада мора да се погрижат избраните градоначалници да ги извршуваат преодните должности од алтернативни локации и да ги повлечат полициските сили. Продолжуваме да го осудуваме неприфатливото насилство врз членовите на КФОР, полицајците и новинарите“,

изјавил Милер. 

Портпаролот на Стејт департментот навел дека Соединетите Американски Држави остануваат анагажирани по ова прашање и се во директен контакт со двете страни, како и со американските партнери во регионот, пренесува Гласот на Америка. 

„Секретарот Ентони Блинкен разговараше со партнерите во регионот за ова, советникот Дерек Шоле имаше директни разговори, како и другите во Стејт департментот“,

рекол Милер. 

Сепак, тој не сакал да зборува за мерки што САД би можеле да ги преземат кон страните во спорот, вклучително и прашањето за евентуални санкции.   

„Нашиот фокус е да им дадеме до знаење на двете страни дека очекуваме од нив да преземат итни чекори за намалување на тензиите и спроведување на планот на ЕУ“,

посочил Милер. 

Вчера тензиите меѓу Белград и Приштина повторно добија на интензитет по апсењето на тројца косовски полицајци.   

Во врска со случајот, официјален Белград тврди дека тие биле уапсени на територијата на Србија, додека, пак, властите во Приштина наведуваат дека полицајците биле киднапирани на територијата на Косово.   

Српските власти вчера соопштија дека косовски полицајци се уапсени во областа на општина Рашка, на длабочина од повеќе од еден километар на територијата на Србија.   

Косовската полиција, пак, соопшти дека полицајците биле киднапирани за додека патролирале во градот Тресава – Баре, во општина Лепосавиќ, на граничната линија на северот на Косово. 

Чекори во насока на смирување на тензиите на релацијата Белград – Приштина во меѓувреме превзема и Европската Унија. Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вчера за време на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО соопшти дека ги поканил српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти на разговори во Брисел следната недела. 

„Имајќи предвид дека ситуацијата на теренот секојдневно се влошува, ги поканив највисоките претставници на Белград и Приштина на средба за решавање на кризата“,

рекол Борел. 

Високиот претставник на ЕУ изјавил дека Брисел во соработка со командантот на КФОР и двете страни (Србија и Косово) се обидува да утврди што точно се случило во врска со апсењето на тројца припадници на косовската полиција и која била причината за овој инцидент.   

Меѓународната заедница има три барања до косовскиот премиер Албин Курти насока на смирување на тензиите на северот: деескалација на ситуацијата, одржување на нови избори во четирите општини на северот на Косово и враќање на на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија со посредство на Европската Унија.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бундестагот ја изгласа резолуцијата за поддршка на С Македонија – десничарската ЦДУ се изјасни „против“  

Следно

Арсенал ги договори условите со Каи Хаверц

Latest from Blog

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски
Go toTop