СААТ-КУЛАТА ВО БИТОЛА ПРОГЛАСЕНА ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ

July 14, 2023
1 min read

Саат-кулата во Битола ја добива највисоката верификација и се вбројува во редот на културни добра со најголема културно-општествена важност на градот. Владата, на седницата одржана на 11 јули, донесе одлука за прогласување на Саат-кулата за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, соопштија од Министерството за култура.

Градскиот часовник, со својата висина од 33 метри, доминацијата во просторот и саатниот механизам, претставува еден од најзначајните симболи на Битола. Објектот е изграден во 1830, а се наоѓа во Градскиот парк, во срцето на Битола, на просторот меѓу црквата „Св. Димитрија“ и Јени-џамијата. Со својата архитектонска, градежничка, историска, социолошка и документарна вредност, Саат-кулата во Битола е сведоштво за општествено-економските и културно- историските околности во Битола и пошироко, во рамките на балканскиот простор.

Кулата со автентични камени фасади е културен споменик кој се издвојува по своите специфики и во градбата, монументалноста, изгледот и во степенот на изворната зачуваност. Кулата е значајна и по своите архитектонски и стилски карактеристики, квалитетниот материјал од кој е изградена со вметнување декорирани мермерни сполии и оригиналните мермерни столбови, како и по камените скали кои водат до врвот.

Саат-кулата има и единствен музички механизам со 15 камбани од кои одекнува одредена мелодија на секои шест часа. Истовремено, овој објект дава препознатлив урбанистички акцент во Битола бидејќи во релација со монументалните споменици во неговата близина се создава единствен урбан ансамбл. Со тоа, Саат-кулата во Битола се вбројува во редот на културни добра со највисока културно-општествена валоризација како своевиден белег на градот на конзулите.

„Сите овие специфики се вградени во Елаборатот за ревалоризација на Саат-кулата во Битола и во Предлог-актот за нејзино прогласување за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, коишто се разгледани и одобрени од Националниот совет за културно наследство“, вели Министерството за култура.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Индонезија: Турскиот министер за надворешни работи Фидан разговараше со својот американски колега Блинкен

Следно

Пригожин ја одбил понудата на Путин за интегрирање на членовите на „Вагнер“ во руската армија

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop